Пазарен инспектор од Струмица осомничен за примање поткуп

November 29, 2023
1 min read

реклама


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Како службено лице – помлад пазарен инспектор, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот струмичанец во два наврати директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги изврши.

реклама

– Во првиот случај, при инспекциски надзор на 13 јуни, констатирал дека правен субјект нема регистрирано занаетчиска дејност, но за да не го констатира прекршокот од сопственикот побарал и примил 100 евра. На 17 ноември, во деловен простор затекнал две лица кои вршеле берберска дејност без да бидат запишани во занаетчискиот регистар и од нив исто така побарал 100 евра за да не го констатира прекршокот на записник. Бидејќи тие во моментот немале толку пари кај себе, тој уште 2 пати се вратил во дуќанот и од нив примил по 3.000 денари, појаснуваат од Јавното обвинителство.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица определил мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не ги напуштаат домовите полни со спомени: Животот на жителите на Газа во уништените куќи

Следно

Вкупно 200 камиони со помош влегле вчера во Газа преку граничниот премин Рафа

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop