Павлова торта со јагоди и боровинки

January 16, 2026
1 min read

Павлова е елегантен и лесен десерт, познат по својата крцкава кора од белки и шеќер, а внатре мека и воздушеста текстура. Во комбинација со нежен млечен шлаг и свежо овошје, оваа торта е вистинско задоволство и совршен избор за сите пригоди.

Состојки:

  • 4 белки
  • 200 грама шеќер
  • 1 рамна лажичка оцет или сок од лимон
  • Малку ванила
  • 1 рамна лажица густин/ нишесте

За кремот и декорацијата:

  • 250 мл слатка павлака (млечна)
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 300 грама свежи јагоди и боровинки (или овошје по избор)

Подготовка:

Белките оставете ги најмалку еден час на собна температура. Потоа матете ги со миксер додека не почнат да се згуснуваат. Додадете го оцетот или лимонот, па постепено, во неколку наврати, додавајте 150 грама од шеќерот, постојано матејќи, додека не добиете цврста пена. Преостанатите 50 грама шеќер измешајте ги со густинoт и додајте ги во смесата со белки. Матете додека не се добие густа, мазна и сјајна маса.

На хартија за печење исцртајте круг со пречник од околу 20 см. Распоредете ја смесата во форма на торта.

Ставете ја во рерна загреана на 180°C, веднаш намалете на 150°C и сушете ја кората околу 60 минути, внимавајте да не ја промени бојата.

По печењето, малку подотворете ја вратата од рерната и оставете ја кората целосно да се излади. Таа ќе спадне и ќе се напука – тоа е нормално и пожелно.
Изматете ја слатката павлака, додајте го шеќерот во прав и матете уште кратко, додека не се соедини убаво.

Изладената кора ставете ја на тацна. Одозгора ставете го шлагот и распоредете го насекаде, потоа  врз шлагот распоредете го овошјето.
Павлова тортата е најдобра кога е свежо подготвена. Лесна, воздушеста и освежителна, обично исчезнува за многу кратко време.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемено нивото на Преспанското Езеро за три сантиметри

Следно

СРЕЌНО МОМЦИ – Ракометната репрезентација вечерва го игра првиот натпревар на ЕП

Latest from Blog

Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години

 Сепак во земјава според последната одлука на РКЕ за сега нема значителни поскапувања на нафтените деривати..Од таму појаснуваат дека при утврдувањето на малопродажните цени на нафтените деривати ги вклучуваат пресметките од изминатите

МНР со ВАЖНО соопштение за МАКЕДОНСКИТЕ граѓани кои планираат да патуваат на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, по таргетирањето на Иран на Израел

Проданоски додели награди за најдобрите училишни спортисти во Прилеп

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп и Општина Прилеп, денеска беа доделени награди и признанија на учениците и училиштата кои ја освоија титулата општински прваци во 20 спортски категории
Go toTop