Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Владата

February 3, 2023
2 mins read

Пациентите со цистична фиброза утре на пладне ќе протестираат пред Владата, бидејќи, како што велат, се изреволтирани од изјавите на министерот за здравство Беким Сали и на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека терапија за цистична фиброза првично ќе добијат осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, и како што најави Сали, ќе се стремат за набавка на лек на 30 пациенти во текот на оваа година.

-Изреволтирани сме и разочарани од изјавата на министерот за здравство и на министерот за финансии, се надевавме, баравме исклучително писмен документ во којшто ќе гарантираат дека работите ќе се движат и тоа е се со цел затоа што во минатото сме излажани со усни изјави, и затоа сега не можеме да се потпреме на тоа и не можеме да бараме од пациентите повторно, после две и пол години, се уште да го одложиме процесот и да чекаат дека нешто ќе се среди да се потпреме на тоа дека надлежните се одредени личности што се држат до нивниот збор, рече Фики Гаспар од Асоцијацијата за цистична фиброза на денешната прес-конференција.

Тој најави дека ќе го продолжат протестот утре во 12 часот пред Владата и ги повика сите граѓани кои сакаат да ги поддржат, се со цел, како што вели, да го добиеме правото на лек и да се забрза носењето на сите закони кои се потребни и да сфатат дека ние време за чекање немаме.

-Правните работи се нивна обврска, обврска на надлежните и се надевам дека ќе ги решаваат брзо. И после протестот ќе продолжат инсистирањата, ќе продолжат официјалните барања до Министерството за здравство, до Министерството за финансии, до Фондот и до Владата да има решение, но затоа апелирам до сите вас кои не поддржувавте, утре бидете со нас, за да можеме да покажеме дека за нас само усните ветувања не се доволни, рече Гаспар.

Ивана Атанасовска, претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза, повика на итност надлежните да ја сфатат нивната состојба.

– Јас би сакала да порачам надлежните кога ќе ги носат наредните одлуки да земат една сламка цевче да дишат и низ неа и да ја сфатат итноста на нашата состојба и се надевам дека во тој случај ќе донесат многу побрзо решение и ниеден живот нема да биде загрозен. Се зголемува бројот на пациенти со влошена состојба посебно заради вакви работи кои дополнително ни го влошуваат здравјето со стресови – дали ќе има одлука, дали ќе нема одлука, па делумна одлука и сето тоа влијае колку на психичкото толку и на физичкото здравје. И имаме пациенти кои се веќе постојано на кислородна поддршка, но тој број постојано ќе се зголемува затоа што времето нас не ни оди во прилог, рече таа.

Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека ќе бидат во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза. Министрите за здравство Сали и за финансии Бесими денеска одржаа состанок за обезбедувањето финансиски средства за набавка на лекот.

Терапијата, како што информираа, е првично за осум пациенти во потешка состојба, а стремежите се набавка на лек за 30 пациенти во текот на оваа година.

Сали по средбата изјави оти се надева дека во најскоро време со сите потребни измени на Законот за јавни набавки и други закони поврзани со набавка на лекови, и со обезбедување финансиски средства, ќе се обезбеди терапија за овие пациенти. Ќе иницира измени во текот на следната недела и се надева дека ќе бидат поддржани во Собранието. -Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена. Имаме првични информации за цената на еден третман за еден пациент на годишно ниво, меѓутоа останува финалната цена да ја добиеме од производителот, изјави Сали. Министерот Бесими рече дека ќе се најде решение за да се набави овој лек директно од производителот бидејќи е скап.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојави за бомби во осум скопски училишта

Следно

На Јувентус му се заканува нова преселба во Серија Б

Latest from Blog

Проблем за ПСЖ: Еден од клучните фудбалери се повреди и нема да игра против Барселона

ПСЖ ќе биде ослабен за дуелот со Барселона во Лигата на шампионите, откако Нуно Мендеш заработи повреда на левиот бутен мускул и ќе отсуствува во наредните неколку недели. Португалскиот лев бек се

Проданоски: „ЧЕ ТРЧАМЕ“ беше вистински празник на спортот во Прилеп

Над 1.100 учесници беа дел од годинашното издание на спортската манифестација „ЧЕ ТРЧАМЕ“ во Прилеп. Градоначалникот Дејан Проданоски упати честитки до учесниците и организаторите, оценувајќи дека настанот поминал во атмосфера исполнета со

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објавија иранските медиуми.  Пезешкијан нагласи дека на

Меџити: Поддршка за занаетчиите и зачувување на духот на Старата скопска чаршија

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, најави продолжување на институционалната поддршка за Старата скопска чаршија, со акцент на зачувувањето на традицијата, промоцијата на културата и развојот на локалните

Јунајтед продолжува по старо: Шестти меч по ред без победа за „црвените ѓаволи“ (Видео)

Серијата без победа за Манчестер јунајтед продолжи и на гостувањето кај Лидс, па „црвените ѓаволи“ веќе шестти меч по ред не знаат за триумф. Избраниците на Мајкл Карик последната победа ја забележаа
Go toTop