ПАСОК денеска се очекува да достави предлог до Парламентот за гласање недоверба на грчката Влада

March 26, 2024
1 min read

На иницијатива на грчката опозициска партија ПАСОК и претседателот Никос Андрулакис се очекува во текот на денот во Парламентот да биде доставен предлог за гласање недоверба на Владата на Нова демократија, предлог што ќе биде поддржан и од други опозициски партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Предлогот за недоверба на Владата доаѓа по текстот во весникот „То вима“ според кој разговорите меѓу одговорните на железничките станици на денот на железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година, објавени тогаш во медиумите биле монтирани за, веројатно, да се зајакне тврдењето дека причината за судирот на двата воза е човечка грешка.

За да се достави предлог за гласање недоверба на Владата потребни се најмалку 50 потписи, односно една шестина од вкупниот број пратеници во Парламентот.

ПАСОК има 32 пратеници, со што неопходна е поддршка и од останатите опозициски партии и според најавите, се очекува СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода да ја поддржат иницијативата, со што би се собрале над 85 потписи.

Предлогот се очекува во текот на денот да биде доставен до Парламентот и во период од 48 часа ќе треба да почне пленарната седница, а расправата ќе трае три дена по што ќе следи и гласањето.

Откако лидерот на ПАСОК ја соопшти иницијативата за доставување предлог за гласање недоверба на Владата, владиниот портпарол Павлос Маринакис коментираше дека е добредојдена.

За да се изгласа недоверба на Владата потребно е предлогот да биде поддржан од 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Собранито закажни три пленарни седници

Следно

САД: Резолуцијата на СБОН со која се бара прекин на огнот во Газа е необврзувачка

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop