Партиски кандидати, наместо компетентни лица – граѓанскиот сектор до пратениците: Добро внимавајте како гласате!

December 23, 2023
1 min read

реклама


Во изборот на кандидатите за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратениците не го почитувале законот, обвинува граѓансиот сектор. Токму поради тоа, Мрежата за заштита од дискриминација ќе поднесе претставка до Уставниот суд. Како што велат, не бараат свои претставници во оваа комисија, или политичарите да им направат услуга и да ги изберат нив, туку напротив, велат за сите позиции во комисијата да се избере кандидат според закон. Воедно додаваат дека за вакво нешто, политичка волја во собранието нема.

-Одлуката да ми го дадат најкраткиот мандат во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е понижувачка, не само кон мене, туку и кон целиот граѓански сектор и експертите што со години се занимаваат со ова прашање…Со тоа што јавно кажувам дека нема да го прифатам најкраткиот мандат, сметам дека кон мене исто така е сторена политичка дискриминација, бидејќи не сум поврзана со политичка партија, додека на другите кандидати кои се поврзани со политички партии им се дадени подолги мандати-вели Драгана Дрндаровска од Платформа за родова еднаквост.

реклама

Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, не сакајќи да ги коментира имињата на кандидатите, изјави дека во законот стриктно се наведени критериумите според кои се бираат кандидатите. Законот вели, седум години работно искуство од областа на човековите права од кои 5 години во областа дискриминација.

-Јас уште еднаш упатувам апел, пратениците добро да размислат пред да гласаат бидејќи не може да се очекува луѓе кои што ќе бидат избрани, а се избрани заради нивната партиска поврзаност да бидат непристрасни, фукцијата да ја извршуваат професионално и отчетно кон граѓаните-вели Уранија Пировска.

реклама

За време на претставувањето на кандидатите во Собранието, се добил впечаток дека голем број од кандидатите, мислат дека само поради тоа што се правници, по дифолт го исполнуваат условот.

„Укажуваме дека треба да се размисли, каде е ова тело, односно како суштински ќе се придонесе кон борбата против дискриминацијата затоа што повеќе од 10-тина години работиме на јакнење на Комисијата и сметаме дека досега веќе имаме некаков успех во тоа, а со дел од предложените кандидати неизвесно е дали ова тело суштински ќе придонесе во борбата потив дискриминацијата.“, вели Александра Цветановска, од Македонско здружение на млади правници.

реклама

За нови членови на КСЗД со петгодишен мандат од членовите на Кoмисијата за именувања и избори добија кандидатите Флора Кадриу, доктор по политички науки, Душан Томшиќ, дипломиран социјален работник од Скопје и Зекир Абдулов, дипломиран правник од Делчево. Драгана Дрндаревска, дипломиран правник од Скопје доби поддршка од членовите на Комисијата за мандат од 1 година 2 месеци и осум дена. Сите кандидати кои го поминаа комисискиот филтер, треба да се најдат на гласање на пленарна седница на Сoбранието.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради снегот непрооден патот кон Бреза, наставниците спијат во училиште

Следно

„Толку за денеска, кој влегол влегол“: МВР ги затвора вратите своеволно, граѓаните не можат да си ги земат изработените пасоши

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop