Партијата на Мадуро со убедлива победа на парламентарните избори во Венецуела

May 26, 2025
1 min read

Владејачката Обединета социјалистичка партия на Венецуела (ОСП), предводена од претседателот Николас Мадуро, убедливо победи на вчерашните парламентарни избори, соопшти Националниот изборен совет. Партијата на Мадуро го задржа апсолутното мнозинство во Националното собрание, освојувајќи 82,68 отсто од гласовите.

Истовремено, на локалните избори социјалистите на Мадуро обезбедија 23 од 24-те гувернерски места во венецуелските држави, со исклучок на државата Кохедес, каде победи кандидат на опозицијата. Ова е намалување во однос на изборите во 2021 година, кога опозицијата победи во четири држави.

Изборите беа обележани со длабоки поделби меѓу опозициските партии, кои го оспоруваат режимот на Мадуро и неговата коалиција „Голем патриотски блок“. Опозициските лидери ги повикаа граѓаните да се воздржат од гласање во знак на протест против официјалните резултати од претседателските избори во јули минатата година, за кои тврдат дека ги добиле.

Според претседателот на изборната комисија, Карлос Кинтеро, 8,9 милиони граѓани гласале за 258 пратенички мандати и гувернери на 24 држави, што е слична излезност како во 2021 година, иако право на глас имаат 21 милион Венецуелци.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче денеска со конкретен предлог за лидерска, ВМРО-ДПМНЕ ваквиот потег го смета како обид тој да го крене сопствениот рејтинг

Следно

Македонија е домаќин вежба на 12.000 НАТО војници

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop