Парното поскапува за 4,51 отсто – сметките од 1 800 денари ќе бидат повисоки за 80 денари

October 31, 2023
3 mins read

Во однос на двата преостанати системи, за популарното „железарско греење“, кое го прави „ЕСМ енергетика“, Бислимоски рече дека цената е незначително намалена, а пониска цена ќе има и кај греењето во Скопје-Север

Корекција на цената за топлинска енергија во Град Скопје ќе нема, одговори Бислимоски на прашањето што доколку таксата од Бугарија за природниот гас остане и дали тоа ќе направи проблем

Цената на парното греење од утре се зголемува за 4,51 отсто. Ова се однесува на потрошувачите кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје и кој снабдува 58 илјади потрошувачи. Ова денеска го најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски на прес-конференција на која даде објаснување на одлуката која ја донесоа регулаторите.

Според Бислимоски, покачувањето од 4,51 отсто на сметка од 1 000 денари ќе значи зголемување од 45 денари, а на просечна сметка од 1 800 денари, колку што е во Скопје, тоа ќе биде 80 денари.

Претседателот на РКЕ одлуката за поскапувањето ја оправда со тоа што имало реално високи трошоци за природен гас во првите три месеци од годината и поради тоа што се враќа дел од позајмицата која ја има дадено Владата.

„Оваа одлука не ја носевме се додека не добивме цврсто уверување дека ќе почне поставувањето на цевководот на мостот ’Беласица’. Што тоа значи во пракса? Цената на топлината која ја утврдивме и за ТЕ-ТО со оваа одлука е за повеќе од два пати пониска отколку што е цената на топланите во Град Скопје. Дополнително, преточено во сметка ако не би постоело ТЕ-ТО зголемувањето би било околу 60 отсто. Поради тоа инсистиравме што е можно повеќе да ја искористиме придобивката од ТЕ-ТО имајќи во предвид дека оваа топлинска енергија е повеќе од два пати поевтина отколку цената на топланите“,

рече Бислимоски.

Бислимоски рече и дека за да ја донесат оваа одлука било исклучително тешко затоа што со неа требало да се врати позајмицата на Владата од шест милиони евра дадена во јануари 2022 година. Но, како што рече тој, Владата се согласила да не се вратат сите средства веднаш туку само 35 отсто.

„Исто така, при пресметката на факторот на корекција кај ’ЕСМ дистрибуција’, за да не предизвикуваме понатамошен ценовен шок, признаваме само 20 отсто од тој фактор на корекција. Во услови кога ќе имаме понатамошна стабилизација со цените на природниот гас, сите овие пари повторно ќе се вратат назад кај компаниите. Во однос на побараните трошоци, РКЕ призна за пет милиони евра помалку трошоци кај овие три компании“,

додаде Бислимоски.

Во однос на двата преостанати системи, за популарното „железарско греење“, кое го прави „ЕСМ енергетика“, Бислимоски рече дека цената е незначително намалена, а пониска цена ќе има и кај греењето во Скопје-Север.

Почетокот на грејната сезона Бислимоски вели дека можел да биде подобар и верува дека се преземаат сите активности да се подобри квалитетот на испораката на топлинската енергија.

На прашањето зошто не е воведена цена за сите потрошувачи во Град Скопје, Бислимоски рече дека тоа не е можно да се направи со постоечката законска регулатива и начинот на кој е тоа регулирано.

„Треба законски измени да се направат и тоа го предлагаме и верувам дека ќе се направи. Иднината на системот за топлинска енергија во Град Скопје е поврзување на една мрежа и со тоа да има една цена за сите потрошувачи. Сум повикувал, апелирам, а еве сега и замолувам да се преземат сите потребни активности за да мрежата во Скопје-Север и мрежата во Железара се поврзе со најголемата мрежа во Град Скопје. На тој начин сите потрошувачи во Град Скопје ќе добиваат иста цена за топлинска енергија“,

рече Бислимоски.

Според него, определувањето на цената за овие системи претставува сериозен проблем затоа што тие се за мал број потрошувачи, а компаниите имаат фиксни трошоци.

На прашањето што доколку таксата од Бугарија за природниот гас остане и дали тоа ќе направи проблем, Бислимоски рече дека на последниот тендер цената за увоз на природен гас е вообичаена и е во рамките на тоа што е на најголемата берза во Европа.

„Корекција на цената за топлинска енергија во Град Скопје ќе нема“,

децидно одговори Бислимоски додавајќи дека Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса.

Претседателот на РКЕ се надева дека ситуацијата со цената на природниот гас ќе биде и на почетокот на следната година како и сега и оти тоа ќе отвори простор да се вратат тие пари што се должат на Владата, како и тие на „ЕСМ дистрибуција“.

За тоа како компаниите реагирале на овој процент на поскапување, со оглед на тоа што тие барале тоа да биде многу поголеми, Бислимоски рече оти и покрај тоа што тие се соочуваат со зголемени трошоците за набавка на разни материјали, сега во ова време, кога се уште се чувствуваат последиците од кризата, Бислимоски нагласи дека компаниите треба да си ја зголемат својата ефикасност и продуктивност во работењето.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија, имаме проблем

Следно

Мицкоски со повик до членовите на СДСМ: Застанете позади чесниот народ, застанете до нас, има место за сите

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже
Go toTop