„Парасоцијално“ – збор на годината, според Речникот на Кембриџ

November 18, 2025
2 mins read

Британскиот Речник на Кембриџ ја објави придавката „парасоцијален“ (‘parasocial’) како збор на 2025 година. Поимот „парасоцијален /-на /-но /-ни“ се објаснува како поврзаност што некој ја чувствува меѓу себе и позната личност со која не се познава.

Психолозите забележуваат раст на парасоцијалните тн. „еднострани врски“ и како оваа појава ги предефинираше заедниците на обожаватели и славата. На пример, кога поп-ѕвездата Тејлор Свифт и американскиот рагбист Тревис Келс ја објавија својата свршувачка претходно оваа година, многу обожаватели почувствуваа силна врска со нив и покрај тоа што повеќето не ги запознале, како што појасни Колин Мекинтош од уредувачкиот тим на Речникот.

Парасоцијалните врски што луѓето ги создаваат со интернет-инфлуенсери, но и со чет-ботови и вештачката интелигенција, исто така, се истакнати како дел од оваа појава.

– „Парасоцијално“ го доловува духот на времето од 2025 година. Тоа е одличен пример за тоа како се менува јазикот. Она што некогаш беше специјализиран академски термин, стана „мејнстрим“ денес. Милиони луѓе се вклучени во парасоцијални врски – но, всушност, повеќе се едноставно заинтригирани од нагорниот тренд. Податоците го одразуваат тоа, при што и страницата на Речникот на Кембриџ бележи скокови во пребарувањата за „парасоцијално“, изјави Мекинтош.

Зборот „парасоцијално“ датира од 1956 година, кога двајца социолози од Универзитетот во Чикаго забележале дека телевизиските гледачи се вклучуваат во парасоцијални врски со личности на екранот, слични на оние што ги развиле со вистинското семејство и пријателите. Тогаш забележале како брзорастечкиот ТВ-медиум ги донел лицата на познатите директно во домот на гледачите, правејќи ги незаменливи лица во животот на луѓето.

Симон Шнал, професорка по Експериментална социјална психологија на Универзитетот во Кембриџ, рече дека „парасоцијално“ е „инспириран избор“ за збор на годината.

– Подемот на парасоцијалните врски ја предефинираше заедницата на обожаватели, славата, а со ВИ – и она како обичните луѓе комуницираат онлајн, рече таа. – Влеговме во ера каде што многу луѓе формираат нездрави и интензивни парасоцијални врски со влијателни личности. Ова води до чувство дека луѓето „ги познаваат“ оние со кои формираат парасоцијални врски, можат да им веруваат, па дури и до екстремни форми на лојалност. Сепак, тоа е сосема еднострано, нагласува психологот.

– Како што довербата во „мејнстрим“ и традиционалните медиуми се распаѓа, луѓето се свртуваат кон индивидуалните личности како авторитети и – кога минуваат многу часови консумирајќи ја нивната содржина, тие развиваат парасоцијални врски, третирајќи ги (познатите) како блиски пријатели, семејство или водачи на култови. Кога инфлуенсерот има толку многу следбеници, луѓето претпоставуваат дека е доверлив, додаде Шнал.

Таа смета дека во крајни случаи, ова може да доведе и до опсесивни толкувања, па и до разни опасности околу самата ѕвезда, но и по психичкото здравје на оној кој си ја создава парасоцијалната врска.

– Парасоцијалните трендови добиваат нова димензија бидејќи многу луѓе, на пр., ги третираат ВИ-алатките како „Чет-ГПТ“ како „пријатели“, нудејќи позитивни афирмации или како замена за терапија. Ова е илузија на поврзаност и групно размислување, а знаеме дека младите луѓе може да бидат подложни на тоа, истакна Шнал.

Кембриџскиот Речник додаде околу 6.000 нови зборови оваа година. Меѓу нив се и придавката „делулу/delulu“, којашто е изведенка од поимот „delusive“ (‘со лажна убава претстава’), „бесмислениот“ збор „скибиди/skibidi“ (може да значи „кул“, „лош“, но и шеговит сленг без никакво значење) и „традвајф/tradwife“ – кратенка за „традиционална сопруга“. Нови зборови со одредено влијание се и „слоп/slop“, којшто се однесува на содржина на интернет со многу низок квалитет, особено ако е создадена од ВИ, но и „мемифај/memeify“ – глагол со значење „да се претвори настан, слика или личност во меме“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана ќе учестува на 28 – ми семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН

Следно

ПАТРОН ПРАЗНИК НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“

Latest from Blog

Левандовски имал таен состанок со својот нов клуб, Лапорта тоа го знае

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Според „Билд“, полскиот голгетер и неговиот агент Пини Захави наводно одржале таен состанок со претставници на клубот од МЛС, Чикаго Фајер, во Барселона, непосредно пред празниците. Овој состанок не

Засега нема кривична одговорност за сопствениците на барот во Кран-Монтана

Двајцата француски сопственици на барот во Кран-Монтана, во кој избувна смртоносниот пожар на новогодишната ноќ, се испрашани од истражителите, изјави обвинителката на кантонот Вале, Беатрис Пилу. – Сè укажува на тоа дека

Николоски: Воведовме 21 нова дестинација од аеродромите, забележавме рекордни 3,5 милиони патници

Аеродромите во Македонија ги поврзавме со 21 нова дестинација, скопскиот аеродром надмина 3 милиони патници годинава, што е рекорд во историјата на државата и ќе биде аеродром со најголем раст идната година,

ВЛЕН за новите економски закони: Повеќе права за работниците и повеќе инвестиции

ВЛЕН го поздравува усвојувањето на новите реформски закони, кои го означуваат значајниот пресврт во борбата против сивата економија и во изградбата на силна, правична и целосно формална економија во државата. Под водство
Go toTop