Папата Лав XIV повикa на прекин на огнот во Газа и мир во Украина

May 28, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Папата Лав XIV повика на итен прекин на огнот во Газа и мир во Украина, јавува Анадолу.

Папата Лав XIV „силно“ апелираше за „прекин на огнот веднаш“ во Газа и ја повтори потребата од „целосно почитување“ на хуманитарното право, објави Ватикан њуз.

„Од Појасот Газа сè посилно го слушаме плачот на мајките и татковците што ги држат безживотните тела на своите деца и кои постојано се принудени да се движат во потрага по малку храна и вода и побезбедно засолниште од бомбардирањата“, изјави папата.

Папата Лав XIV, исто така, повика на мир во Украина, нагласувајќи дека неговите мисли често се насочени кон „украинскиот народ погоден од нови сериозни напади врз цивили и инфраструктура“.

Тој го повтори својот апел „да се запре војната и да се поддржи секоја иницијатива за дијалог и мир“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со 40 милиони евра ќе се вработат 16.000 лица, Владата со оперативен план за невработеноста да падне на 9%

Следно

Турскиот министер за надворешни работи Фидан ќе ја посети Украина, ќе одржи разговори на високо ниво

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop