Папата ги собира холивудските ѕвезди во Ватикан: Објави кои се неговите четири омилени филмови (ВИДЕО)

November 12, 2025
1 min read

Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав Четиринаесетти в сабота ќе пречека десетици актери и режисери на собир под назив „Светот на филмот“ во својата официјална резиденција, соопшти Ватикан.

Меѓу актерите чие присуство се очекува се Кејт Бланшет, Адам Скот, Крис Пајн, Виго Мортенсен, Елисон Бри и Дејв Франко, како и режисерите Џад Апатоу, Спајк Ли, Џорџ Милер и Гас Ван Сент, пренесува Њујорк Тајмс.

Весникот „Варајати“ вчера објави видео во кое папата Лав Четиринаесетти објави кои се неговите четири омилени филмови на сите времиња: „Прекрасен живот“ (1946) на Френк Капра, со Џими Стјуарт во главната улога, „Моите песни, моите соништа“ (1965) на Роберт Вајз, со Џули Ендрјус, „Обични луѓе“ (1980) на Роберт Редфорд, со Доналд Сатерленд и Мери Тајлер Мур, и „Животот е убав“ (1997) на Роберто Бенини.

– Во оваа година на јубилејот, папата Лав XIV изрази желба да го продлабочи дијалогот со светот на филмот, а особено со актерите и режисерите, истражувајќи ги можностите кои уметничката креативност ги нуди за мисијата на црквата и промоцијата на човечките вредности, се наведува во соопштението на Ватикан.

Јубилејот на Римокатоличката црква, традиција на покајание и прошка, почна во декември минатата година и ќе трае до почетокот на јануари 2026 година.

Овој посебен настан го организираат Одделот на црквата за култура и образование, заедно со Одделот за комуникации и Ватиканските музеи.

Папата Лав Четиринаесетти минатата недела во Ватикан се сретба со актерот Роберт Де Ниро, а во јуни го посети Ал Пачино.

Папата Франциск, кој почина во април 2024 година, беше домаќин на комичари од целиот свет. Меѓу присутните беа Конан О’Брајен, Вупи Голдберг, Тиг Нотаро, Стивен Колбер, Крис Рок и Џими Фалон.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop