Папата ги нападна конзервативците: Да останеме будни против крутите идеолошки позиции кои често нѐ спречуваат да одиме напред

December 21, 2023
1 min read

Во понеделникот тој ја одобри пресудата според која свештениците можат да им даваат благослов на истополовите парови под одредени услови и сѐ додека тие не наликуваат на брак и не се дел од црковните ритуали или литургии

Папата Франциск денеска предупреди на нефлексибилните идеолошки позиции што би можеле да ја спречат Црквата да ја види реалноста и да продолжи напред, говорејќи неколку дена откако конзервативците ја осудија декларацијата со која се дозволува благослов на истополови двојки.

Папата, кој во неделата наполни 87 години, ги даде своите коментари во традиционалната божиќна честитка до членовите на куријата, централната администрација на Ватикан. Во првите години од неговото папство, тој ги користеше божиќните честитки како повод за остри критики на бирократијата, посочувајќи ги, како што ги нарече, нејзините „болести“.

Тој денеска ја спомена континуираната дебата меѓу прогресивците и конзервативците, 60 години по Вториот ватикански собор, кој ја внесе Црквата во современиот свет.

„Да останеме будни против крутите идеолошки позиции кои често под превезот на добри намери нѐ одвојуваат од реалноста и нѐ спречуваат да одиме напред. Наместо тоа, повикани сме да тргнеме и да патуваме, како мудреците, следејќи ја светлината која секогаш сака да нѐ води понатаму, понекогаш по неистражени патеки и нови патишта“,

рече папата Франциск.

Во понеделникот тој ја одобри пресудата според која свештениците можат да им даваат благослов на истополовите парови под одредени услови и сѐ додека тие не наликуваат на брак и не се дел од црковните ритуали или литургии.

Конзервативците тврдат дека одлуката на папата за хомосексуалците може да ги „размрда темелите на верата“. Иако многумина го поздравија отворањето на благословот од страна на папата за истополовите парови, конзервативците рекоа дека тоа може да ги разниша темелите на верата, па дури и да предизвика раскол во Црквата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парламентот на Албанија го укина имунитетот на Сали Бериша, отворен е патот за негово апсење

Следно

СДСМ: „Алумина“ е вмровски проект, министрите на ДПМНЕ одобруваа згради високи 105 метри

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop