Папата Франциско ја осуди израелската суровост во Газа

December 21, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Папата Франциско денес упати осуда за израелските воздушни напади врз Газа, изразувајќи жалење за бомбардирањето на деца во Појасот Газа извршени претходниот ден, известува Анадолу.

„Вчера беа бомбардирани деца. Ова не е војна. Ова е суровост. Сакам да го кажам ова бидејќи ме допира до срцето“, им рече папата Франциск на членовите на Римската курија, централната администрација на Ватикан.

Папата изрази и жалење што израелските воздушни напади го спречиле кардиналот Пјербатиста Пицабала, највисокиот претставник на Католичката црква во Светата земја, да влезе во Газа.

Израел уби повеќе од 45.000 Палестинци, главно жени и деца, во Газа од 7 октомври 2023 година, разорувајќи ја палестинската енклава.

На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата воена кампања во енклавата.

Папата повика на истрага за да се утврди дали израелските напади во Газа претставуваат геноцид.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристески: Мерката „Новгодишна кошничка“ се одвива непречено, има преку 1000 производи, а мониторингот е постојан

Следно

Нов пораз на Манчестер сити во Премиер лигата

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop