Папата Франциск ги повика Израел и Палестина на дијалог за помирување

July 9, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Папата Франциск денес ги повика Израел и Палестина да го продолжат дијалогот за да се отвори „патот за помирување и мир“, пренесува Анадолу.

„Со тага повторно гледам дека во Светата земја е пролеана крв. Се надевам дека израелските и палестинските лидери ќе го продолжат директниот дијалог за да се стави крај на спиралата насилства и да се отворат патиштата на помирување и мир“, рече тој за време на неговото неделно обраќање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, јави новинската агенција на Ватикан.

Во понеделникот, израелските сили го започнаа својот најголем напад во Џенин во период од над 20 години и во бегалскиот камп во градот, при што загинаа 12 Палестинци, меѓу кои пет деца, јави палестинското Министерство за здравство.

Папата во својот говор им се заблагодари и на невладините организации што работат на спасување на животите на мигрантите во Медитеранот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Скопје „се дави“ во ѓубре, решение нема на повидок

Следно

Дел од американските сојузници против одлуката на Вашингтон на Украина да и достави касетна муницја

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop