Папата до Украина: Соберете храброст за бело знаме

March 11, 2024
1 min read

Папата Франциско се најде сред лавина критики од украинските власти за коментарите од негово интервју од минатиот месец емитувани последниов  викенд, со кои ја повика Украина да најде „храброст за бело знаме“ и да преговара со Москва за завршување на војната.

Поглаварот на римокатоличката црква порачува дека Киев треба да биде отворен за мировни преговори со Русија, бидејќи Украина се соочува со можен пораз.

„Мислам дека најсилен е оној кој ја гледа ситуацијата, мисли за народот и има храброст за бело знаме и преговори“, порача тој.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба реплицираше дека најсилен е оној кој стои на страната на доброто додека се бори со злото.

„Кога станува збор за белото знаме, ја знаеме оваа стратегија на Ватикан од првата половина на дваесеттиот век. Ве повикувам да не ги повторувате грешките од минатото и да ја поддржите Украина и нејзиниот народ во нивната праведна борба за нивните животи. – изјави Кулеба“.

Нашето знаме е сино- жолто. Ова е знамето со кое живееме, умираме и победуваме. Никогаш нема да креваме други знамиња.

Накратко, уште ги следат упаствата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон кој своевремено ургентно дојде во Киев и веднаш го анулираше прогресот на мировните преговори во Турција, порачувајќи им на Украинците дека нема да се преговара туку ќе се гине.

Види: Борис ни Џонсон & Џонсон не го пере

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битолчанец осомничен дека силувал малолетно девојче, се бара притвор

Следно

СЕДУМ ОСКАРИ ЗА „ОПЕНХАЈМЕР“, ЕМА СТОУН ЈА СПРЕЧИ ИСТОРИСКАТА ПОБЕДА НА ЛИЛИ ГЛЕДСТОУН

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop