Пановски во 24 анализа: Пожар може да се случи и со сите преземени мерки но тогаш ќе знаете дека сте мирни пред Законот

March 19, 2025
1 min read

Архитектот Марко Пановски во 24 анализа рече дека пожари може да се случат и во објекти кои ги имаат преземено сите соодветни мерки. Според него, важно е да се почитуваат пропишаните правила и прописи.

„Пожар може да се случи и со сите преземени мерки но тогаш ќе знаете дека сте мирни пред Законот. Доколку побарате проект за да изградите објект треба да побарате извод од план, проект за архитектура, статика, енергетска ефикасност треба да е тоа ревидирано и тоа не се почитува и тука едноставно цела машинерија цело образование на градежници и архитекти не го почитува“, рече Пановски.

Тој зборуваше и за тоа дека правилата за изградби на дискотеки се построги.

„Дискотеката е јавен објект, во Законот е напишано дека правилата се построги. Не станува збор дека ние немаме закони овде станува збор дека Министерството за економија секогаш не го почитува и не постапува по законот за градење. Во едниот правилник пишува дека за миниимални технички улови за дискотека вие треба да имате површина 0,8 метри кватрадни по гостин а во тој за пожар пропишано е да се има 1 метар квадаретн по гостин и сега по кој да одиме. Разликата е 20%. Во Скопје има веќе клубови кои водат сметка колку луѓе пуштаат баш заради тоа, тука имаме напредок. Овде не станува збор за ако дојде инспекција, станува збор како добивате одобрение. Овде станува збор дека тој сопственик требало да побара пренамена на простор, тоа веројатно не е направено, ако побарал пренамена општината ќе му го барала сето ова“, додаде Пановски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Во американски воздушни напади врз Јемен повредени се седум жени и две деца“

Следно

Состојбата на папата Франциск се подобрува

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop