Паника во Русија, дојави за бомби

March 25, 2024
1 min read

Два дена по терористичкиот напад во Москва, закани за бомби во болницата каде се сместени повредените. Повеќе од 700 лица се евакуирани од болницата „Пирогов“, каде се лекуваат најголем дел од настраданите во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“.

Пациентите и персоналот се евакуирани од објектот а во известувањето кое го добила здравствената установа се наведува дека на неколку ката од болницата поставени се импровизирани експлозивни направи.

Пријава за бомба имало и на уште една друга локација. Посетителите и персоналот на трговско-центар „Мозаик“, во југоисточниот дел на руската престолнина, морало да бидат евакуирани поради анонимна закана за бомба. Во меѓувреме, рускиот претседател, Владимир Путин на средба со шефовите на безбедносните сектори а главна тема ќе бидат мерките кои мора да се преземат по терористичкиот напад.

„Истрагата се уште е во тек и засега не е објавена конкретна верзија. Претходните извештаи беа прелиминарни, а официјална верзија досега не е објавена. Останува да чекаме официјални информации од нашите официјални органи за спроведување на законот.“ – рече Дмитри Песков портпарол на претседателот на Русија.

Од руското министерство за надворешни работи пак се сомневаат во тврдењата на Соединетите Американски Држави дека Исламска држава е одговорна за нападот иако теротистичката група веќе ја презеде одговорноста.

Според Марија Захарова, САД ја шират верзијата дека ИСИС се одговорни за нападот за да ги заштитат властите во Киев. Портпаролката на Руското МНР уште еднаш ги обвини американските власти дека токму тие ги поддржувале муџахедините во борбата против советските сили во 80-тите години од минатиот век.

Од Европската Унија велат дека се подготвени да соработуваат со Русија во борбата против тероризмот но само доколку добијат предлог кој се базира на рационална основа и на почитување на меѓународните права. 

„За нас нема сомнеж дека тоа беа терористички напади. Ако Москва излезе со предлог, кој има рационална основа и се базира на почитување на меѓународните правила, Европската Унија нема да рече „Не“. Но, во овој момент ние се соочуваме со режим кој ја вовлече и ја држи земјата во илегална војна и режим кој го репресира своето население со голем број мерки, па затоа би било тешко да се замисли која би била основата на таа соработка.“ – изјави изјави Петер Стано портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика.

Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ загинаа 137 лица. Пред настапот на групата Пикник, вооружени лица влегле во салата и отвориле оган врз публиката. Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка во врска со терористичкиот напад, а вчера четворицата приведени осомничени за извршување на масакрот беа изведени пред суд во Москва. Сите признаа вина, по што им беше определен притвор до 22 мај.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица осомничени за нападот во концертна сала во Русија обвинети за тероризам

Следно

Ревизорски извештај за студентски стандард: На мени компир, грав и ориз

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop