Панел-дискусија со наслов „Газа: Жртви на човештвото и иднината“ во Скопје

December 29, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа еднодневен панел на тема „Газа: Жртви на човештвото и иднината“, јавува Анадолу.

На панелот организиран од Фондацијата за Балкански студии (BSF) со различни сесии, свои презентации имаа професори, новинари, уметници, како и претставници од невладини организации.

Претседателот на Управниот одбор на БСФ, Севба Абдула, во изјава за Анадолу рече дека од 7 октомври се создала напорна агенда во врска со случувањата во Палестина.

Тој посочи дека денешниот панел се состои од 4 сесии на турски, албански и македонски јазик, на кои ќе се зборува за настаните во Газа.

„Денеска ќе имаме 4 панели на кои ќе учествуваат професори, уметници, новинари, млади истражувачи, како и наши пријатели кои се на магистерски и докторски студии. Ќе испитаме што предвидувале и направиле медиумите во овој процес. Ќе се осврнеме на прашањето Газа – Палестина од историски аспект. Покрај тоа, ќе има презентација на уметник за тоа како треба да се постапува со ова прашање во јавниот живот“, рече Абдула.

Абдула информираше и дека како дел од панелот ќе бидат изложени 25 фотографии реализирани од фоторепортерите на Анадолу во регионот. „Посебно Агенцијата Анадолија во овој период направи сериозна работа. Овие неволји, овие процеси кои водат до геноцид; сакавме да им покажеме што повеќе на учесниците кои ќе дојдат овде преку изложбата во текот на денот“, рече тој.

Од друга страна, продуцентот за македонски јазик во ТРТ Балкан, Адмир Фазлагиќ, рече дека ќе зборува за тоа како медиумите известуваат за војната во Газа и за злосторствата што Израел ги прави врз цивилите во Газа и Палестина.

Вниманието ќе се насочи и кон Западниот Брег, бидејќи во многу случаи медиумите го занемаруваат овој регион.

Според него, ако во една војна војниците коишто се на фронтовите го користат оружјето, новинарите се војници кои со својот кажан и напишан збор, со известувањето од самото место и со својата медиумска опрема му ја пренесуваат вистината на светот.

„Повеќе од 100 новинари во Газа се убиени од 7 октомври. Тие новинари ги уби Израел само затоа што на светот му ја пренесуваат вистината. Тоа е многу важно да се наведе. Она што е погрешно, а што намерно го прават голем дел од медиумите, особено западните медиуми, за жал е тоа што прават замена на тези. За овие случувања известуваат само како да Палестинците страдаат од 7 октомври, но оваа сага, за жал, трае повеќе од 75 години“, рече Фазлагиќ.

Тој нагласи дека жално е што меѓународната јавност не направила важни чекори да го запре ова.

Фазлагиќ ја издвои и улогата на турските институции во овој случај.

„Тоа е она што го прави Агенцијата Анадолу и ТРТ со сите свои канали и мрежи и платформи и начинот на кој професионално и навремено известуваат за ова страдање“, изјави Фазлагиќ.

На панелите што продолжија во текот на денот, презентирани се темите „Газа: Крикот на геноцидот“, „Застапувањето на Газа и медиумите“, „Психо-политичките перспективи за Газа“ и „Газа низ очите на младите научници“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Победа на македонските ракометари на првиот тест пред Европското првенство

Следно

Уапсен драчевец, физички ја нападнал сопругата

Latest from Blog

СДСМ: Додека македонската економија тоне, Мицкоски се задолжува 8 милјарди евра и се луксузира како османлиски бег

Социјалдемократите сметаат дека Македонија се соочува со економски и енергетски колапс. „Во моментов граѓаните се соочуваат со инфлација која ги јаде домашните буџети, земјоделците се жалат на катастрофални откупни цени, недостасуваат субвенциите,

ЛА Лејкерси спремаат нова „бомба“

Минатата сезона донесе еден од најголемите договори, па може да се каже дека во поновата спортска историја, а се однесува на доаѓањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс. Лејкерс не успеаја
Go toTop