Пандов во „Наткаст“: Во затворите грам дрога е поевтин од улица, наследивме исклучително корумпиран систем

February 6, 2025
1 min read

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во гостувањето на „Наткаст“ на Курир со Љупчо Цветановски истакна дека големи суми се вртат по затворите, не само во однос на мобилните телефони до кои доѓаат притворените или осудени лица.

-Кога дојдов на позицијата, ми беше кажано дека грам хероин или кокаин е поевтин отколку на улица да купите. Како зависник поедноставно ќе имате дилер кој ќе ви набавува дрога отколку на улица. Наследивме исклучително корумпиран систем. Сега сме доведени во ситуација со истите вработени да го оправаме. Има добар процент на луѓе кои се чесни и си ја сакаат работата, но и на нив им е тешко затоа што се борат против оние кои формално правно треба да бидат од нивна страна, а се од другата страна. Се соработници на оние луѓе кои лежат во затворите, истакнува Пандов.

Директорот изрази очекување дека во кратко идно време ќе има повисока бројка на нововработени, посочувајќи дека во моментов недостасуваат над 200 затворски полицајци во затворите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комисија од тројца судии ќе испитува дали имало пропусти во одлуката на судијката Алексовска-Стојановска за предметот на Васил Јованов

Следно

Групата „Кој е следен“ уличниот форум за безбедност во сообраќајот го закажа за во недела на пладне кај ЗОО Скопје

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop