Паметник на Пониква и Спомен-парк во Кочани за жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“

April 3, 2025
1 min read

Кочанските планинари и активни доброволци-пожарникари Тошо и Стојка Антови, чија ќерка Ивона загина во пожарот со 59 жртви во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, покренаа иницијатива за изградба на меморијален споменик на Пониква кај местото Аеродром, кој ќе биде посветен на загинатите.

„Во овој меморијален комплекс ќе има подигнато столб кој на секое скалило што ќе симболизира еден загинат живот и секоја година овој простор ќе се оплеменува со нови 60 садници во знак на сеќавање на сите загинати во пожарот во Кочани или како последица од оваа ужасна катастрофа“, вели Антов.

Стојка Антова, која е искусен планинарски водич вели: „Да бевме навремено известени за случувањето во дискотеката, ние знаевме како да постапиме таму, без паника еден по еден ќе ги извлечевме децата. Нашата единица беше подготвена за 5 минути по известувањето и за кратко време се најде кај дискотеката. Но за жал, беше доцна“.

Таа смета дека споменик на Пониква ќе симболизира чист воздух, а не чад и задушување од што загинаа повеќето од жртвите во дискотеката. Антови се надеваат дека нивните иницијативи ќе бидат прифатени и ќе ги добијат дозволите за изградба.

„Има некои иницијативи за некаков споменик на тоа место кај дискотеката, но за нас тоа воопшто не е одржливо. На тоа место повеќе не сакам да отидам, ниту да го видам, а камоли да оддадам некаква почит. Може само покрај меморијалниот споменик на Пониква да има паметник и во градскиот парк во Кочани“, вели Антова.

Од 59-те жртви во пожарот во кочанската дива дискотека 6 се деца, а од 197 повредени 25 се деца.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

УЖАС: Седум загинати, меѓу кои и три деца во несреќа кај островот Лезбос (ВИДЕО)

Следно

Претседателката Сиљановска ги посети повредените од пожарот кои се лекуваат во Софија

Latest from Blog

Биографот на поранешниот принц Ендру открива што ќе прави до крајот на животот: „Го уништи семејството“

Новата книга на Ендру Лауни, „Entitled: The Rise and Fall of the House of York“ (Привилегирани: подемот и падот на куќата Јорк), ги открива деталите за случајот Џефри Епштајн / Вирџинија Џуфре.

Тајната за Лајка била чувана со децении, но никој не очекувал ваква вистина

На денешен ден, пред 68 години, на 3 ноември 1957 година, првото живо суштество било испратено во вселената. Тоа била Лајка, тригодишно улично куче. „Деветте кругови околу Земјата ја направиле Лајка првиот

Калас во Сараево: Ќе спречиме каков било безбедносен вакуум, нема да дозволиме историјата да се повтори

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Сараево потврди дека ЕУ останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и

Ван Дајк му одговори на Руни

ФОТО: Liverpool FC/FB Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, му одговори на легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој неодамна изрази мислење дека имаат проблем со лидерството и дека лошата форма во
Go toTop