Палестинците во Газа наидоа на масовни разурнувања при враќањето во своите домови

January 20, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Меѓу урнатините и остатоците од разрушените згради, Палестинците во Џабалија се враќаат во своите домови по прогласувањето на примирјето и договорот за размена на заложници и затвореници меѓу Хамас и Израел, јавува Анадолу.

Палестинците кои се враќаат во бегалскиот камп Џабалија и во Бејт Лахија во северниот дел на Појасот Газа наидоа на масовни разурнувања.

Илјадници раселени Палестинци, носејќи со себе само основни предмети, пребаруваат низ урнатините за да ги пронајдат своите работи во разрушените домови и згради.

И покрај огромното разурнување, забележливи се и насмеани деца кои си играат низ урнатините.

Договорот за прекин на огнот и размена на затвореници стапи на сила вчера, по неколку часови доцнење.

Примирјето меѓу Хамас и Израел се очекува да ја прекине геноцидната војна на Израел во Газа, која трае од 7 октомври 2023 година и досега однесе најмалку 47.000 палестински животи, главно жени и деца, а над 110.700 лица се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спортот беше оставен во руини токму од СДС, а сега сакаат да глумат спасители

Следно

Хамилтон во базата на Ферари: Многу сум среќен што денес го исполнувам мојот сон

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.
Go toTop