Палестинци во редици за вода и храна во Појасот Газа

May 24, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Жителите на Појасот Газа продолжуваат да се соочуваат со тешки услови за живот поради континуираните израелски напади, известува Анадолу.

Фоторепортер на Анадолу денес фотографираше бројни Палестинци во Газа како стојат во редици за да добијат вода за пиење и топол оброк што го делат хуманитарните организации.

Поради повеќемесечната офанзива, голем дел од инфраструктурата во Појасот Газа е уништена, а населението се соочува со сериозен недостиг на основни потреби, вклучувајќи храна, вода и лекови.

Хуманитарните организации на терен секојдневно се обидуваат да ја ублажат хуманитарната катастрофа со дистрибуција на основни прехранбени и хигиенски средства до најзагрозените, и покрај големите безбедносни предизвици.

Меѓународната заедница упатува повици за прекин на огнот, но Израел продолжува со својата брутална офанзива врз Газа од октомври 2023 година, за време на која се убиени повеќе од 53.820 Палестинци, претежно жени и деца, а 122.382 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Живот на прагот на преживување – aпел за помош од семејството Василев во Куманово

Следно

Шпалир, овации и достојно збогување: Модриќ не успеа да ги задржи солзите на последниот меч на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop