Живот на прагот на преживување – aпел за помош од семејството Василев во Куманово

May 24, 2025
1 min read

Во Куманово, тимот на емисијата „И јас сум тука” се сретна со Трајче Василев – човек кој поминал многу тешкотии, но сè уште се бори за да им обезбеди подобар живот на своите деца. Трајче раскажува за својот тежок живот, од детството како дете без родители до обидот да создаде дом за своето семејство. Тој и неговата сопруга поминале многу години на улица, често во напуштени куќи, каде што им се родило нивното прво дете.

По краток престој во Германија, каде што се родила втората ќерка, семејството Василев се врати во Куманово и изгради скромен дом во населбата „Бабин Дол“. Меѓутоа, нивната желба за дом е во опасност, бидејќи земјата на која го изградиле домот е под хипотека и не може да се пренесе на нивно име, без разлика на склучениот купопродажен договор на нотар. Тие живеат со само 9.200 денари месечно, се невработени и се соочуваат со здравствени проблеми, барајќи можност да обезбедат подобра иднина за своите деца.

Сите кои имаат можност да помогнат, било финансиски за исплата на долгот, било со храна, облека или хигиенски производи – можат да го направат тоа на телефонскиот број или на банкарската сметка кои се прикажани на екранот.

  • Контакт број: 075 432 612
  • Стефани Василевска
  • Уни Банк
  • 240147107573075
  • Цел на дознака: Донации

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски повика на единство за место во играта на големите на политичката сцена

Следно

Палестинци во редици за вода и храна во Појасот Газа

Latest from Blog

Утре без струја делови од Скопје, Тетово, Гостивар и повеќе населени места

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре, 26 август, без електрична енергија во одредени периоди ќе останат корисници во повеќе населени места во земјава. Во Скопје, од 8:00 до 10:30 часот прекин

Јувентус има нов голман, полски репрезентативец

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони

Трамп нареди да се спуштат знамињата низ САД во чест на починатата Доли Партон

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни
Go toTop