Палестинскиот претставник во ОН: „Должност на меѓународната заедница е да дејствува“ за плановите на Израел за окупација

August 8, 2025
1 min read

Палестинскиот претставник во Обединетите нации (ОН), Ријад Менсур, денес ја повика меѓународната заедница веднаш да дејствува за да го спречи планот на Израел за реокупација на градот Газа, јавува Анадолу.

„Должност на меѓународната заедница е да дејствува“, изјави Менсур пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк по состанокот со претседателот на Советот за безбедност на ОН (СБОН) од Панама, амбасадорот Елој Алфаро де Алба.

Тој истакна дека го предочил „веднаш вниманието кон декларацијата од израелската Влада за масовна воена операција во која тие имаат намера да заземат целосна контрола во воена форма од страна на израелските сили и сакаат да започнат со масовна операција врз градот Газа, во кој живеат околу 1 милион луѓе“.

Менсур нагласи дека „оваа ескалација од страна на израелската Влада е во целосна спротивност со волјата на меѓународната заедница, меѓународното право и здравиот разум“.

Истакнувајќи дека писмо од претседателот Махмуд Абас ќе биде доставено до претседателот на Советот за безбедност, Менсур додаде дека во писмото ќе се бара од постојаното тело да „ги преземе своите одговорности и да дејствува веднаш“.

„Нашата цел е да го спречиме Израел да ја преземе оваа исклучително опасна ескалација и се надевам дека колективно ќе успееме да избегнеме таков луд, неодговорен, опасен, злобен план што израелското политичко раководство, предводено од премиерот (Бенјамин) Нетанјаху, размислува да го направи во секој момент“, рече тој.

„Она што ни е потребно е мир. Она што ни треба е да ги запреме борбите. Она што ни треба е да ги нахраниме гладните луѓе, а не да ги убиваме Палестинците во Газа“, додаде Менсур.

Безбедносниот кабинет на Израел го објави планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за целосно окупирање на градот Газа, соопшти Кабинетот на премиерот рано утрово.

Израел веќе се соочува со растечки гнев во светот поради војната во Газа, каде што од октомври 2023 година уби повеќе од 61.000 Палестинци. Воената кампања ја опустоши енклавата и доведе до смрт од глад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Почина помошник-директорот на Царинската управа, Марјан Тасевски

Следно

ФОТО: ИНЦИДЕНТ НА ХАЛКИДИКИ – Ветер оддува чадор, кој се заби во нога на девојка која се сончала

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 19 октомври 2025: Вагите блескаат, Близнаците изненадуваат, а Водолиите конечно гледаат напред

Месечината влегува во Вага и прави тригон со Уран во Близнаци, носејќи свежа, будна и флексибилна енергија. Денот е исполнет со нови идеи, неочекувани средби и ситуации што бараат брзо прилагодување. Опаднатата

Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за

Сидни Свини: Се здебелив 16 килограми поради новата улога (ВИДЕО)

28-годишната ѕвезда, номинирана за наградата Еми, блесна во елегантен розов фустан на премиерата на филмот „Кристи“, која се одржа вчера вечер во лондонската Кралска фестивалска сала, пишува Just Jared. Се појави во
Go toTop