Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ја посети Туркије на 14 и 15 август

July 31, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Шефот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, соопшти дека палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ја посети Туркије на 14 и 15 август и ќе се обрати во турскиот Парламент, односно во Големото народно собрание на Република Туркије, јавува Анадолу.

„Почитуваниот палестински претседател Абас ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во среда, 14 август, а во четврток, 15 август, ќе се обрати на седницата на нашиот Парламент“, соопшти Алтун на социјалните мрежи.

Хамас рано утринава соопшти дека нејзиниот политички лидер Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз резиденцијата во која престојувал во Техеран.

Ханије беше во Техеран за да присуствува на церемонијата за инаугурација на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.

Иран и Хамас рекоа дека атентатот го извршил Израел, а израелските претставници се воздржуваат од давање изјави за случајот.

Ханије беше на чело на Политичкото биро на Хамас од 6 мај 2017 година, заменувајќи го Халид Мешал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Атентатот на Исмаил Ханије е државен тероризам“

Следно

ДАНИЕЛА СТАНКОВСКА-ПЛАЧКОВСКА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

Latest from Blog

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за
Go toTop