Палестинска докторка загуби 9 од своите 10 деца во израелски напад

May 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинска докторка која работи во болницата „Насер“ во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, загуби 9 од своите 10 деца во израелскиот напад, известува Анадолу.

Генералниот директор на Министерството за здравство во Појасот Газа, Мунир ал-Бурш, во писмено соопштение наведе дека домот на Ела ал-Наџар, докторка која работи во болницата „Насер“, бил нападнат откако таа заминала во болница.

Бурш изјави дека 9 од 10-те деца на палестинската докторка Наџар, од кои најстарата имала 12 години, се убиени во брутален напад на израелската армија, и дека сопругот на Наџар, Хамди ен-Наџар, и едно од нејзините деца, кои го преживеале нападот, се повреди и се на наоѓаат на интензивна нега.

Истакнувајќи дека нападот на домот на Наџар е пример за реалноста што ја трпат здравствените работници во Газа, Бурш рече:

„Зборовите се недоволни за да се опише болката. Цел на нападите во Газа не се само здравствените работници; нападите на Израел одат уште подалеку, уништуваат цели семејства“.

Во објавата на профил на платформата Телеграм на Министерството за здравство, вклучени се зборовите на Јусур Ебу ер-Риш, еден од лекарите во болницата.

Д-р Риш наведе дека ожалостената Наџар трпеливо чекала пред вратата на својот син, кој бил однесен во операциона сала.

Зборувајќи за Наџар, мајка која ги изгубила 9 свои деца, Риш вели:

„Во тешките услови во Газа, каде што дури и опишувањето на деталите за болката станува нова болка, таа е доктор која ги остави своите деца зад себе и дојде во болница да си ја заврши работата и да им се посвети на болните деца…“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ратификација на договорот за две недели? – Филипче вели дека се познати британските фирми од проектите за 6 милијарди евра

Следно

Инфантино: Роналдо може да игра на Светското клупско првенство

Latest from Blog

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop