Ратификација на договорот за две недели? – Филипче вели дека се познати британските фирми од проектите за 6 милијарди евра

May 24, 2025
1 min read

Антологиски грабеж – вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче го оцени Договорот со Велика Британија за шестте милијарди евра за инвестициски проекти.

Пред симпатизери во Штип, Филипче откри дека делегацијата предводена од вицепремиерот Александар Николоски во Лондон веќе се сретнала со фирми што ќе бидат најмени за спроведување на проектите, што било спротивно на владините најави и законите.

„Веднаш после потпишувањето се сретнеале во Лондон со фирмите кои ќе бидат изведувачи на проектите… каков тендер, каков Закон за јавни набавки?! Сè е тоа една голема лага. Ги задолжија следните генерации, правевме пресметка – секое бебе што ќе се роди следните 25 години, на денот на раѓањето ќе биде задолжено шест илјади евра.“, порача Венко Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека грабеж била набавката на двојно поскапи кинески вакцини, како и модуларната болница во Тетово.

„Она што не е грабеж е кога ќе склучите пакт со најмоќната држава во светот и притоа нема да продадете ниту име, ниту Устав или идентитет. Не е грабеж кога од таквото партнерство ќе извлечете пари за нови железници, за болници, за образование… нешто што е добро и за Македонците и за Албанците.“, вели Валентин Манасиевски.

Додека се уште не е позната каматната стапка за средствата што ќе бидат повлечени, во интервју, британскиот амбасадор Метју Лосон потврди дека еден од условите во Договорот предвидува во проектите што ќе се финансираат со овие пари да учествуваат најмалку 20% фирми од Британија, во било кој дел од процесот. Вицепремиерот Николоски во интервју потенцира дека ќе се почитува Законот за јавни набавки и очекува за две недели Собранието да го ратификува договорот, додека пак на есен да започнат градежните работи за железницата и медицинските установи, со вредност до 2,2 милијарди евра.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МУРАЛ НА ПОЛСКИОТ УМЕТНИК САИНЕР СЕ ОТВОРА УТРЕ ВО СКОПЈЕ

Следно

Палестинска докторка загуби 9 од своите 10 деца во израелски напад

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop