Палестина од МКС побара налог за апсење на израелскиот министер Смотрич за повикот за изгладнување на жителите на Газа

August 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестина денес побара од Меѓународниот кривичен суд (МКС) налог за апсење на израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, поради неговиот повик за изгладнување на два милиона луѓе во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Ова е експлицитно признание за усвојување и фалење со политиката на геноцид“, се вели во соопштението на палестинското Министерство за надворешни работи.

Смотрич во понеделникот рече дека оставањето два милиона луѓе во Газа да умрат од глад може да е „оправдано и морално“.

Министерството го осуди повикот на израелскиот министер како „флагрантно кршење на правилата на меѓународното право и основните принципи на човештвото, бесрамно оспорување на Меѓународниот суд на правдата (МСП) и директно непочитување на одлуките за меѓународна легитимност и меѓународниот консензус за заштита на цивилите и обезбедување на нивните основни хуманитарни потреби“.

Тој го повика МКС да издаде налог за апсење на Смотрич за поддршката на колективното казнување на палестинските цивили.

Минатиот февруари Амнести интернешнал соопшти дека Израел ѝ пркоси на пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) за спречување на геноцидот со тоа што не дозволува адекватна хуманитарна помош да стигне до Газа.

Израел воведе безмилосна блокада на Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, оставајќи го целото население на територијата на раб на глад.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 40.000 Палестинци, главно жени и деца, а над 91.600 се повредени.

По десет месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле

Следно

Разнобојни балони на топол воздух од целиот свет го красат турското небо над Кападокија

Latest from Blog

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски (ВИДЕО)

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може
Go toTop