Пакистан потврди дека извршил воздушни напади врз Авганистан, убивајќи „терористи“

December 26, 2024
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Пакистан денес потврди дека извршил воздушни напади врз Авганистан, убивајќи терористи, јавува Анадолу.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мумтаз Захра Балоч, за новинарите во главниот град Исламабад изјави дека пакистанските безбедносни сили спровеле безбедносна „операција“ врз „основа на цврсти докази“.

„Операцијата базирана врз разузнавање Пакистан ја спроведе во пограничните области на Авганистан“, рече Балоч.

Таа истакна дека операцијата била спроведена „врз основа на закани за безбедноста на пакистанските граѓани“.

Привремената талибанска администрација во Кабул во вторникот вечер потврди дека пакистанската војска извршила воздушни напади, втора ваква прекугранична акција на Исламабад од март, во областа Бармал во источната провинција Пактика.

Споделувајќи детали во средата, заменик-портпаролот на администрацијата на талибанците, Мула Хамдула Фитрат, рече дека во бомбардирањето од пакистанските авиони загинале 46 лица, меѓу кои жени и деца, а повредени се шестмина. Тој додаде дека биле уништени и куќи.

Сепак, Балоч ги негираше извештаите дека Пакистан имал на мета деца и жени.

Кабул, исто така, покрена протест до Исламабад со тоа што го повика пакистанскиот вршител на работите во Авганистан.

Долго време Исламабад го обвинува Кабул дека не успеал да ги уништи милитантите на ТТП, кои наводно дејствувале од Авганистан.

Кабул го негира обвинението.

ТТП изврши смртоносни напади врз пакистанските безбедносни сили, главно во пограничните региони, во последните месеци.

По воздушните напади привременото Министерство за одбрана во Кабул рече дека талибанската администрација „нема да го остави без одговор овој кукавички чин“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија

Следно

„Предавник на својата религија“: Салах критикуван за ОВАА божиќна фотографија

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без
Go toTop