Пакистан: Најмалку 26 загинати во индиските ракетни напади

May 7, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Пакистанската Армија соопшти дека во ракетните напади на Индија животот го загубиле 26 лица, додека бројот на ранети изнесува 46, известува Анадолу.

Директорот на Одделот за односи со јавноста на пакистанската Армија, генерал-мајор Ахмед Шериф Чоудри, во соопштението за медиумите изјави дека 26 лица загинале во ракетните напади на Индија, а бројот на ранетите изнесува 46.

Чоудри истакна дека ракетите лансирани од Индија погодиле поголем број локации во Пакистан, нанесувајќи оштетувања на џамиите и здравствените клиники. Тој додаде дека во ракетниот напад врз џамијата во Бахавалпур загинале 13 лица, вклучувајќи жени и деца, а 37 биле ранети.

– Конфликт поради нападите на Индија врз пакистанска територија

Индија, како одмазда за терористичкиот напад на 22 април во Пахалгам, во кој загинаа 26 лица и за кој го обвини Пакистан, на 6 мај изврши ракетни напади врз пакистанските територии и подрачјето на Азад Кашмир, кој е под контрола на Пакистан.

Индиската Армија објави дека успешно погодила 9 цели кои ги квалификува како „терористички структури“, додека Исламабад тврди дека нападите биле насочени против 6 цивилни објекти, во кои животот го загубиле 8 лица, меѓу кои и едно дете, 35 се ранети, а две лица се водат како исчезнати.

Пакистанската Армија соопшти дека за време на нападот на Индија соборила 5 воени авиони на Индија, додека властите во Њу Делхи го демантираа оваа тврдење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патот Прилеп–Крушево во прекин поради протест на жителите кај село Врбјани

Следно

Лаутаро емотивен: Седев дома и плачев, но му ветив на семејството…

Latest from Blog

Лула: Американската воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа

Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, денеска на отворањето на самитот на Меркосур изјави дека евентуална воена интервенција на Соединетите Американски Држави во Венецуела би претставувала „хуманитарна катастрофа“ и „опасен

Њукасл водеше, Челзи израмни… екстра дерби на стартот на колото

Фантастичен дуел на стартот на денешната програма во Премиер лигата одиграа екипите на Њукасл и Челзи во пладневниот термин. Конечните 2:2 можеа да бидат сосема поинакви, односно резултатот многу лесно можеше да

Коњановски: Младите од Битола јасно порачаа – насилството нема место меѓу нас

Во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола денеска се одржа меѓуучилишен танцов натпревар „Танц против насилство“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото и дигиталното насилство меѓу младите.
Go toTop