Пакистан: Како резултат на земјотресот досега загинаа 9 лица

March 22, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Во Пакистан досега загинаа 9, а повредени се над 160 лица како резултат на земјотресот со јачина од 6,5 степени што вчера се случи во авганистанското подрачје на Хиндикуш, пренесува Анадолу.

Според веста на ТВ-каналот „Гео њуз“, во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва, која се наоѓа на границата со Авганистан, бил почувствуван силен земјотрес.

Бројот на загинати низ Хајбер Пахтунхва изнесува 9, додека над 160 лица се повредени.

Се истакнува дека меѓу загинатите има 2 деца и 2 жени.

Досега во покраината се делумно оштетени 19 куќи.

Според соопштението на Центарот за геолошки истражувања на САД, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,5 степени бил во местото Џурм при покраината Бадашах, која се наоѓа во североисточниот дел на Авганистан.

Земјотресот бил почувствуван и во повеќе подрачја во Пакистан, пред сè во главниот град Исламабад, Лахор, Равалпинди, Куета, Пешавер и бројни други градови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Грета Тунберг станува почесен доктор по – теологија!

Следно

15 години затвор за мајката што ја продаваше ќерката за секс за 2.000 денари

Latest from Blog

Коњановски: Новата шампионска приказна ја пишуваме заедно со навивачите

Денеска, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, се одржа фан-зоната пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб, која собра голем број навивачи и симпатизери на тимот. Настанот започна во 18:45

Во Србија пензискиот фонд објави јавна набавка на систем за апликации што ќе користи ВИ

Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) ќе користи вештачка интелигенција за масовна обработка на документи и други задачи, што треба да им обезбеди на корисниците на услугите и вработените во

Кристијан Ериксен се договори со Волфсбург

фото: Florian Plettenberg (X) Данскиот репрезентативец и бивш фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен конечно си најде нов клуб. 33-годишниот данец ќе стане нов фудбалер на Волфсбург. Откако ја прекина соработката со

Поплави на Бали, девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали одзедоа најмалку девет животи оваа недела, блокирајќи ги главните патишта во главниот град и нарушувајќи го животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица. Обилните дождови
Go toTop