Пахор: Се подготвувам многу внимателно за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина

May 6, 2024
1 min read

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се освежи или заживее дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој моментално е во застој. Смета дека Словенија, како и тој, имаат статус на „еден чесен посредник“.

Пахор рече дека за можната функција се подготвува „многу внимателно и одговорно“ и додаде дека многу му значи поддршката што ја ужива во Словенија.

За време на меѓународната конференција за Западен Балкан минатиот месец, поранешниот претседател на Словенија повторно изрази желба да ја преземе оваа позиција, а беше поддржан и од премиерот Роберт Голоб.

Пахор неодамна објави дека работи на нацртот за продолжување на дијалогот и координацијата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ и земјите од Квинта, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина го именува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но конечната одлука ја носат лидерите на ЕУ.

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по завршувањето на неговиот мандат на крајот на август ќе биде именуван за амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка

Следно

Русија тврди дека започнала подготовки за воена вежба како одговор на западните провокации и закани

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop