Паетонгтарн Шинаватра избрана за премиерка на Тајланд

August 16, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Паетонгтарн Шинаватра од партијата Феу Тајланд денес е избрана за 31 премиер на Тајланд, јавува Анадолу.

Паетонгтарн, родена во 1986 година, обезбеди повеќе од потребните 247 гласа во Долниот дом на Парламентот, кој се состои од 497 пратеници во оваа југоисточна азиска држава.

На 37 години Паетонгтарн, ќерка на поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра, сега е најмлада лидерка на втората по големина економија во Југоисточна Азија.

Нејзиниот избор доаѓа по смената на Сретта Тависин од страна на Уставниот суд на Тајланд во средата поради етичко прекршување.

Паетонгтарн е трет член од влијателната фамилија Шинаватра што ја извршува функцијата премиер на Тајланд. Нејзината тетка Јинглук Шинаватра, исто така, ја извршуваше оваа функција, но сега е во егзил.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се укине или намали државното финансирање на изборните кампањи?

Следно

Ердоган: Туркије е во состојба да заземе храбар и принципиелен став низ светот

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop