Пад на хеликоптер ја прекина американско-австралиската вежба

July 29, 2023
1 min read

КАНБЕРА (АА) – Заедничката американско-австралиската воена вежба привремено е прекината откако се урна австралиски хеликоптер, известува Анадолу.

Австралискиот министер за одбрана, Ричард Марлс, објави дека хеликоптер од типот МРХ-90 Тајпан, кој учествувал во заедничката вежба, се урнал во текот на ноќта во близина на островот Хамилтон.

Марлс истакна дека продолжува потрагата по четири члена на екипажот на хеликоптерот.

Тој напомена дека спасувачкиот хеликоптер ги нашол остатоците од леталото во близина на островот Дент.

Министерот Марлс додаде дека вежбата е привремено прекината поради несреќата и изрази благодарност до САД за поддршката во напорите за пребарување и спасување.

Оваа година 13 држави и над 30.000 војници учествуваат во вежбата „Талисман сабја“, која на секои две година ја организираат САД и Австралија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откриена статуа на Арсен Венгер пред стадионот на Арсенал

Следно

EKSKLUZIVE/Adelina Tahiri bashkë me djalin JON-in dhe bashkëshortin Serjozhën po shijojnë pushimin (FOTO)

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop