Озлогласената вила на Диди повлечена од продажба

January 2, 2026
1 min read

Како што пренесува порталот „Кликс“, раперот кој неодамна поднесе жалба тврдејќи дека неговата казна е прекумерна и дека Судот ја поништил одлуката на поротата, се трудеше да најде купувач за куќата во којашто бил домаќин на бројни познати личности, на дел од контроверзните секс-забави. Записите за недвижности добиени од „Реалтор“ (Realtor .com) покажуваат дека вилата е отстранета од продажба на 24 декември, со што се заврши еден обид за продажба на куќата, последно проценета во вредност 61,5 милиони американски долари.

Одлуката се случува околу два месеци откако Диди беше осуден на четири години затвор за принудна проституција. Не е соопштена причина за отстранувањето на куќата од продажба.

Вилата со 10 спални соби и 13 бањи, што поранешниот музички могул ја купил за 39 милиони долари во 2014., стана широко позната во март 2024 година, кога агенти на Националната агенција за безбедност ја претресоа како дел од истрагата за трговија со луѓе. Неговиот имот во Мајами, исто така, беше претресен за време на истрагата.

Домот во елитната населба Беверли Хилс првично беше објавен на продажба во септември 2024. од страна на агентот за недвижности на познати личности Курт Рапапорт, само неколку дена пред Диди да биде уапсен во Њујорк по повеќе федерални обвиненија.

Во месеците по неговото апсење, се појавија детали за доказите наводно пронајдени во вилата што обвинителите велеа дека била користена како место за неколку тн. „фрик оф“ забави, за коишто раперот беше обвинет за наводна злоупотреба на жени. За време на судењето, на поротниците им беа прикажани фотографии од докази откриени за време на рациите во домовите на Диди во Флорида и Калифорнија. На сликите од имотот, според истражителите,  били пронајдени повеќе видови оружје, секс-играчки, бебешко масло, како и дрога.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дон Флорентино со шокантен предлог:„ Даваме пет играчи за него!“

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Универзална Инвестициска Банка со највисок дневен промет

Latest from Blog

САД ги укинаа санкциите врз рускиот банкар Михаил Задорнов

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) го отстрани Задорнов, поранешен руски министер за финансии и финансиски директор поврзан со Откритие банка, од својот список на санкционирани лица, објави Анадолу. Задорнов, роден

Прво одобрение за градба без комуналии во Аеродром

Општина Аеродром информира дека е издадено првото одобрение за градба со нула денари комуналии, како дел од мерката за поддршка на граѓаните. Станува збор за ослободување од надоместокот за уредување на градежно
Go toTop