Овој јули веројатно ќе биде најтопол во историјата

July 27, 2023
1 min read

Би-би-си пишува дека некои научници веруваат оти јули 2023 би можел да биде дури и најтоплиот месец во изминатите 120 000 години

Фото: EPA-EFE/Jessica Pasqualon

Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот јули во историјата. Според научниците, во услови на големи топлотни бранови, практично е извесно дека ќе биде најтоплиот месец, со највисоки температури досега забележани некаде во светот.

Анализа на Универзитетот во Лајциг покажува дека месецов ќе бидат урнати топлински рекорди бидејќи се предвидува дека глобалната просечна температура за овој месец ќе биде околу 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа.

И според податоците на ЕУ, овој јули ќе биде најмалку 0,2 степени Целзиусови потопол од јули 2019 година, што беше најтопол во изминатите 174 години.

„Разликата помеѓу оваа година и јули 2019 година е толку значителна што веќе можеме со апсолутна сигурност да кажеме дека ова ќе биде најтоплиот јули“,

изјави климатологот од Лајпциг, Карстен Хаустејн.

Би-би-си пишува дека некои научници веруваат оти јули 2023 би можел да биде дури и најтоплиот месец во изминатите 120 000 години.

Светската метеоролошка организација на ОН (СМО) исто така соопшти дека е „исклучително веројатно“ да достигне рекорд, но оти нема отворено да зборува за тоа додека не бидат достапни сите конечни податоци.

Новиот шеф на агенцијата на ОН за наука за климата, Џим Скија изјави дека светот ќе ја надмине целта од Парискиот договор за загревање од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, и истакна дека политиките на земјите не се доволно амбициозни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Џон Малкович од Скопје побара „бланко“ поддршка за филмскиот град, повторно без можност за новинарски прашања

Следно

Името на Џон Малкович се впишува во богата историја на „Охридско лето“

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop