Овие чаеви ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

December 20, 2025
1 min read

Во овие денови на голема загаденост на воздухот, ви препорачуваме три чаеви што можат да им помогнат на вашите бели дробови.

Првиот е по препорака на Алан Мандел, кој се претставува како доктор и често се јавува на You tube со свои препораки.

Еве што тој вели за следниот чај:

„Ќе ви се прочистат белите дробови. Ќе се прочистат и бронхиите. Ќе внесете повеќе кислород во вашето тело, во клетките, за да останете поздрави.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ќе ви треба една чаша вода, 1 1⁄2 чајна лажичка мелена мајчина душица (не мора баш мелена, освен ако не ја најдете во големите маркети, н.з.), 1 четвртина чајна лажичка мелен ѓумбир (слободно зголемете ја количината на ѓумбир, освен доколку притисокот не ви е хронично низок, н.з.) и 1 до 2 чајна лажички суров мед или било кој природен засладувач доколку е потребно. Ќе зовриете 200-250 мл вода и веднаш додадете ги сите состојки заедно и добро промешајте. Овој лековит еликсир од мајчина душица, ѓумбир и мед ќе ви го даде овој неверојатен сладок и цветен вкус.“

Вториот чај што ќе ви го препорачаме за вашите бели дробови е со следните состојки:

1 супена лажица дивизма

1 супена лажица исоп

1/4 лобелија во прав или една чајна лажица ако го најдете како рефус чај, но лобелијата во Македонија ја нема во ниту една форма, па оваа состојка ќе треба да ја прескокнете

1 лажица јаболков оцет

1/4 – 1/2 лажичка каен пепер

Сето ова се прелива со 200 мл вода, се зоврива, се остава да врие 3-5 минути и потоа се остава да отстои 15-30 минути. Не се пие повеќе од два пати на ден.

И доколку сето ова ви е комплицирано, еве еден едноставен чај:

Корен од ѓумбир со големина помеѓу 3-5 см се ренда, се додава половина лажичка цимет, една лажичка куркума и ако поднесувате 1/4 – 1/2 лажичка каен пепер. Се прелива со зовриена вода – 200-250 мл. по желба додајте мед и лимон и после 15-20 минути се конзумира.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста

Следно

Вулверхемптон од денеска е најлошиот тим во професионалниот фудбал во Англија

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop