ОВАЦИИ ЗА ЏОН МАЛКОВИЧ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

July 27, 2023
1 min read

Уникатно сценско доживување приреди вчеравечер на Охридско лето славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович. Две и полилјадната публика на Античкиот театар во Охрид уживаше во неговата брилијантна ексцентричност во „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец”, напишана и режирана од Михаел Штурмингер. Солисти на вечерта беа сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн, во придружба на Оркестарот на Виенската академија и под диригентство на маестро Мартин Хазелбок.

„Оваа претстава ја сакам како што ја претставивме, бидејќи ги поврзува и театарот и класиката и глумата, а претставува нешто иновативно што ја привлекува публиката“, вели Малкович кој првпат настапува во земјава.

(Фото: Охридско лето)

Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ, рече дека Охридско лето е предизвик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се надополнува и надградува со нови креативни соѕвездија кои го обележуваат неговото место како најпрестижна уметничка сцена, но и како препознатлив уметнички симбол насекаде во светот.

Американската вечер на Охридско лето се одржува со поддршка од Амбасадата на САД во земјава. Заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, рече дека Американската амбасада има долга историја на соработка со Охридско лето, но и со многу други организации во Македонија со цел да ги засили врските преку програми кои ги поддржуваат македонското граѓанско општество и културните и образовни институции.

Малкович настапи со сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн, во придружба на Оркестарот на Виенската академија и под диригентство на маестро Мартин Хазелбок. (Фото: Охридско лето)

„Низ годините наназад, на сцените на Охридско лето сме ги прикажале најголемите културни богатства, вклучувајќи ги госпел и џез музиката, преку настапите на џез легендите како Артуро Сандовал, класичниот виолинист и виртуоз Шломо Минц, и многу други. Тие можеби донеле американска музика во Охрид, но излегле со балкански песни во своите срца“, кажа заменик-амбасадорот на САД, Мејер.

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменик-амбасадорот на САД Ерик Мејер, директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. (Фото: Охридско лето)

Холивудскиот актер со проектот „Вечер на Џон Малкович“, оценет како најексклузивен гостин на Охридско лето, предизвика огромен интерес кај публиката. Токму за овој настан беа направени бројни резервации од целиот регион но и од Бразил, Холандија, Франција, САД и од многу други земји.

С. ВРЕНЦОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Покетино бара Челзи треба да го скрати составот

Следно

Уште еден филм од Македонија селектиран на Венецијанскиот филмски фестивал: После „Најсреќниот човек на светот” Теона Стругар Митевска се враќа со својот најнов филм „21 Ден до крајот на Светот“

Latest from Blog

Русин запроси девојка среде маратонскиот прес на Путин (ВИДЕО)

На маратонската прес-конференција што ја одржа рускиот претседател Владимир Путин во Москва (која траеше неколку часа), среде одговарањето на геополитички прашања, се случи момент што никој не го очекуваше: новинар ѝ предложи

Флик конечно го откри “кртот“ во соблекувалната на Барселона!

ФОТО: FC Barselona/FB Еден проблем помалку за тренерот на Барселона, Ханси Флик. Имено германскиот стратг наводно открил кој ги издавал доверливите информации за Барселона на медиумите, ставајќи крај на неделните задкулисни игри.

Тоневски: Пробиштип годинава без луксузни новогодишни украси

Општина Пробиштип оваа година ќе ја реализира новогодишната декорација на поедноставен начин, соопшти градоначалникот Тони Тоневски. Поради големата финансиска задолженост и висината на цената од 30.000 евра што беше понудена на тендерот,

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Кинеската компанија и сопственик на платформата ТикТок – „БајтДенс“ (ByteDance) објави дека ќе ја предаде контролата на американскиот дел на група инвеститори од САД, со цел да избегне забрана за користење во

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

АМСМ информира дека од 14.50 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла 30-50
Go toTop