Ова се ТОП 20 стадиони во светот со најжестока атмосфера: “Ла Бомбонера“ е без конкуренција…

October 5, 2025
1 min read
ФОТО: La Bombonera/FB

Секоја чест за останатите спортови, но на сите им е јасно дека фудбалот е нешто посебно. Само фудбалот може да ги изнедри оние емоции кои што човек не знае дека ги има во себе, без разлика дали се тие позитивни или негативни. Само во фудбалот фановите може да направат таква атмосфера која е за воодушевување.

И кога е така, а така, тогаш стадионите се срцето и душата на секој клуб, тие се места на кои нивните фанови се собираат и навиваат за него. Да се одреди најдобриот стадион на кој се прави најубава атмосфера е невозможна мисија, па така користена е вештачката интелегенција ГРОК како би се избрале ТОП 20 стадиони во светот на кои се прави најжестока атмосфера, со која фановите ја носат својата екипа до победа.

На прво место е, тука нема изненадувања, “Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес, домот на Бока Јуниорс. И не треба да се објаснува зошто. Кога се тресат трибините, и тоа буквално, се е јасно.

На второ место е „Енфилд“ во Ливерпул, домот на “Редси“, додека на трето место е “Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Во продолжение можете да видите кои се тие ТОП 20 стадиони, а на оваа листа ги нема “Сантијаго Бернабеу“, потоа “Камп Ноу“, па “Сан Сиро“, го нема ни “Олд Трафорд“, нема ниту еден бразилски стадион.

Секој според своите вкусови.

ТОП 20 СТАДИОНИ

1.„Ла Бомбонера“ – Бока Јуниорс

2.“Енфилд“ – Ливерпул

3.„Сигнал Идуна Парк“ – Борусија Дортмунд

4.“Селтик Парк“ – Селтик

5.“Рамс Парк“ – Галатасарај

6.“Монументал“ – Ривер Плата

7.“Рајко Митиќ“ – Ц. Звезда

8.„Диего Армандо Марадона“ – Наполи

9.„Драгао“ – Порто

10.„Луж“ – Бенфика

11.„Војска Полскиего“ – Легија Варшава

12.“Караискакис“ – Олимпијакос

13.“Водафон“ – Бешикташ

14.„Ст. Џејмс Парк“ – Њукасл

15.„Сан Мамеш“- Атлетико Билбао

16.“Де Кујп“ – Феенорд

17.„Ајброкс“ – Глазгов Ренџерс

18.“Олимпико“ – Лацио и Рома

19.“Меѓународен стадион во Каиро“ – Ал Ахли и Замалек

20.„Паркот на Принцовите“ – ПСЖ

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српскиот весник „ДАНАС“ пишува за аферите на ДУИ поврзани со криминалецот Милан Радоичиќ (ФОТО)

Следно

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ ќе стане европски пример за управување со отпад

Latest from Blog

Кина: Војна на САД и Израел против Иран не е легитимна

Иранските државни медиуми објавија повеќе детали од состанокот во Пекинг меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот кинески колега. Според новинската агенција Тасним, кинескиот министер за надворешни работи Ванг

Коњановски со признание „Менада“ на завршницата на „Танц фест“

Со моќната изведба на „Будење“, во кореографија на Рисимна Рисимкин, синоќа во Народниот театар Битола беше затворено 22-то издание на фестивалот „Танц фест“. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пред почетокот на

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја
Go toTop