Ова се ТОП 20 најскапите трансфери ова лето, првите три се на Ливерпул!

September 4, 2025
1 min read
фото: LiverpoolFC (X)

Познато е дека клубовите од Премиер лигата веќе некое време се натпреваруваат едни со други кога станува збор за инвестирање во нови играчи, а ова лето го урнаа сопствениот рекорд.

Никогаш претходно не потрошиле фантастични 3.555.292.275 евра за потпишување играчи наменети за засилувања во вистинската смисла на зборот. Фактот дека нивните ривали во Серија А, Бундеслигата, Ла Лига и Лига 1 колективно инвестирале 3.353.843.988 евра за истата цел зборува многу за тоа колку се луди трошоците.

На Островот, клупските рекорди исто така се уриваат еден по друг, не само од моќниот актуелен шампион Ливерпул во случајот со Флоријан Вирц и потпишувањето во последен момент на Александар Исак.

Вкупно, четиринаесет од 20-те најважни трансфери на Стариот континент беа направени на Островиот, а првите три од еден клуб, од Ливерпул.

Топ 20 најскапи трансфери ова лето (во евра):

Александер Исак (од Њукасл во Ливерпул) – 153 милиони

Флоријан Вирц (од Баер Леверкузен во Ливерпул) – 125 милиони

Хуго Екитике (од Ајнтрахт во Ливерпул) – 95 милиони

Ник Волтемаде (од Штутгарт во Њукасл) – 90 милиони

Бенјамин Шешко (од Лајпциг во Манчестер Јунајтед) – 76,5 милиони

Виктор Осимхен (од Наполи во Галатасарај) – 75 милиони

Брајан Мбеумо (од Брентфорд во Манчестер Јунајтед) – 75 милиони

Матеус Куња (од Вулверхемптон во Манчестер Јунајтед) – 74,2 милиони

Мартин Зубименди (од Реал Сосиедад во Арсенал) – 70 милиони

Луис Дијаз (од Ливерпул во Баерн Минхен) – 70 милиони

Еберечи Езе (од Кристал Палас во Арсенал) – 69,3 милиони

Матео Ретеги (од Аталанта во Ал Кадисија) – 68,25 милиони

Виктор Ѓокереш (од Спортинг Лисабон во Арсенал) – 65,8 милиони

Мохамед Кудус (од Вест Хем во Тотенхем) – 64 милиони
Жоао Педро (од Брајтон во Челзи) – 63,7 милиони

Илја Забарни (од Борнмут во Пари Сен Жермен) – 63 милиони

Ентони Еланга (од Нотингем Форест во Њукасл) – 61,4 милиони

Чави Симонс (од Лајпциг во Тотенхем) – 60 милиони

Дин Хаузен (од Борнмут во Реал Мадрид) – 59 милиони

Тиџани Рајндерс (од Милан во Манчестер Сити) – 55 милиони

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Можно е „корејско сценарио“ за крај на војната во Украина

Следно

Студенти од Нови Сад најавија протест: „Србијо, дали се слушаме?“ во петок од 19 часот

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop