ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

August 5, 2026
1 min read

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји.

Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за својата способност за регрутирање високопозиционирани извори и за инфилтрација во владејачките елити во Русија, Кина, Иран и Турција.

Француската ДГСЕ се најде на второто место со 169 поени, благодарение на својот глобален дострел и оперативните способности.

Според оценките на експертите, меѓу петте најмоќни европски разузнавачки служби се и оние на Холандија, Украина и Германија, додека словачката разузнавачка служба е оценета како најслаба.

Поранешниот шеф на операциите за Европа и Евроазија во американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Ралф Гоф, оцени дека „Британците се водечки“ кога станува збор за познавањето на состојбите во Украина, додека САД се „веднаш зад нив“.

Поранешниот шеф на станица на ЦИА, Роберт Горелик, изјави дека Велика Британија „убедливо ги има најсилните разузнавачки служби во Европа“ и дека „МИ6 е извонредна“.

Минатата година Блејз Метревели стана првата жена на чело на МИ6, наследувајќи го Ричард Мур. Таа е една од ретките личности за кои јавно е познато дека работат за оваа разузнавачка служба.

Поранешен директор на ДГСЕ изјавил дека „Британците имаат способност да играат долгорочна игра, инвестирајќи во извори во период од десет години, донекаде слично како Русите. Имаат и чувство за валкани трикови“.

Француската ДГСЕ, чија работа беше прикажана во телевизиската серија „Биро“ (Le Bureau des Légendes), е оценета како една од најдобрите разузнавачки служби во светот во борбата против тероризмот.

Службата е позната и по своите тајни операции за „елиминирање“ лица кои се сметаат за закана за француската национална безбедност. Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд јавно изјави дека за време на неговиот мандат биле извршени најмалку 40 операции во кои биле ликвидирани „високовредни“ цели на Блискиот Исток и во Африка, според книга објавена во 2017 година.

Тоа е топ листата на европските разузнавачки агенции.

Но, кога ќе се погледне топ листата на шпионите во светот, таму доминира американската ЦИА, а веднаш зад неа се Кинезите, Русите и Израелците… Кај добро упатените Индијци од ИндијаИПО Британската МИ6 е на седмо место, а првите четири спомнати котираат во врвот на речиси сите ранг листи на светските разузнавачки агенции.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Следно

Дон Флорентино го заврши најскапиот трансфер во историјата!

Latest from Blog

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на

СиЕнЕн: АКО КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Е ВРАЌАЊЕ НА ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА – ЗОШТО Е ВОДЕНА?

Еден од најголемите проблеми на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во излегувањето од војната со Иран се претходните, досегашни списоци на апсолутистички цели што ги поставиле Трамп и неговиот тим за

Вода имаме, канализација не за сите, 72,6 отсто од отпадните води непречистени

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони
Go toTop