ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗА КОЛАПСОТ ВО СВЕТОТ – врие во канцелариите на Фејсбук, проблемот нема да биде решен еден месец!

March 5, 2024
1 min read

Оштетени подморски кабли во Црвеното море се причината поради колапсот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, пренесуваат светските медиуми.

Причината како што велат тие се оштетените кабли кои ги нарушуваат телекомуникациските мрежи и интернет сообраќајот помеѓу Азија, Европа и Блискиот Исток.

Каблите кои припаѓале на четири главни телекомуникациски мрежи биле „оштетени“ што предизвикало значително прекинување на комуникациските мрежи на Блискиот Исток.

Во меѓувреме Фејсбук се врати ширум светот како и кај нас, додека проблемите со Инстаграм се уште се решаваат.

Според светските медиуми проблемот нема да биде решен уште најмалку еден месец поради документацијата која е потребна, но исто така и дозволите за работа во Црвеното Море.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фејсбук повторно достапен, но не и Инстаграм

Следно

Проблемот на 100.000 граѓани кои можеа да останат без право на глас поради немање лични карти, ќе се надмине со одредба што ќе се додаде во Изборниот законик

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop