Отповикани амбасадори?!

February 27, 2025
1 min read

Девет амбасадори ќе се вратат во земјава до крајот на март, откако како што информираат од МНР им завршил мандатот.

– Во однос на постапката за отповикување на определен број амбасадори, информираме дека Министерството е во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на Претседателот на државата. Преку официјалниот интерен комуникациски систем, досега девет амбасадори се известени за завршувањето на нивниот мандат. Во наредниот период се очекува Претседателот да ги потпише указите за нивно отповикување. – МНР.

Во земјава треба да се вратат Мето Белески, Брисел, Катерина Ставревска, Лондон, Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица, Пајо Авировиќ, ОБСЕ, Емил Крстевски, Прага, Јакуп Реџепи, Сараево, Агнеза Руси, Софија, Џенк Сејфула, Стокхолм.

Претходно, беше објавено дека пораншениот амбасадор, Љубомир Фрчкоски сериозно го злоупотребил буџетот предизвикувајќи шестцифрена штета во евра. Муцунски најавува одговорност за Фрчкоски и рече дека истрагата ќе заврши до крајот на овој месец.

Освен Фрчкоски, актуелен беше и случајот со отповикување на Андреј Жерновски за кого на 14. февруари во Службен весник беше објавен указ за негово отповикување од страна на претседателката.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ ги осуди нападите од Силекс, но ја потврди грешката на судиите

Следно

Средба Николоски-Тигањ: Одличните билатерални односи да ги надградиме со зголемување на трговската соработка меѓу двете земји

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop