Откриено оружје и експлозив во куќа во Северна Митровица, распишана потерница по две лица

October 7, 2024
1 min read

Косовската полиција соопшти дека денеска, при претрес на куќа во Северна Митровица, пронашла и запленила одредено количиство оружје, експлозив и друг воен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани во изјава за медиумите информира дека, меѓу другото, се запленети автоматска пушка и рачни бомби, а по две лица е распишана потерница.

„Денеска околу 13 часот по добиена информација дека на одредено место во Северна Митровица може да има наркотични супстанци, косовската полиција изврши рација. При упадот во посочената куќа, полицијата откри и заплени: една АК-47, две рачни бомби М-75; две радио-врски, капа, два панцири, ракавици, воена торба, празни и рамки наполнети со куршуми за пиштоли, карта, појас, спреј, нож, маскирен шал и друго. Две сомнителни лица, едното со иницијали А.Ј. роден 1992 година и В.Ј. родени 1978 година не се пронајдени дома и по нив веќе е објавена потерница“, изјави Ељшани.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Политико: Лидерите на ЕУ се за забрзување на депортацијата на мигрантите

Следно

​Ѓорѓиевски: Повикот на владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop