Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо

August 14, 2025
1 min read

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари.

Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.

Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.

Од Царинската управа информираат дека ќе продолжат со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево, од денес во функција клучката што ги спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

Следно

Колку ќе заработи ПСЖ од освојувањето на Суперкупот на УЕФА?!

Latest from Blog

Ештон Качер открива кој според него наметнува нереални стандарди за убавина

47-годишникот моментално глуми во научно-фантастичната серија „The Beauty“, во која се прикажува дрога што може да ја претвори личноста во најатрактивната, идеализирана верзија од себе, пишува Би-Би-Си. „Индустријата е одраз на општеството“

Зимска грижа за здрави растенија

Зимата значи дека собните растенија се наоѓаат во променети услови за раст. За време на студените месеци нивниот метаболизам се забавува, растенијата преминуваат во состојба на мирување, а растот е значително побавен

Бојковска: Измените на Кривичниот законик означуваат борба против корупцијата, оваа Влада ќе испорача закони еднакви за сите

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток се осврна на актуелната тема за предлог измените на Кривичниот законик,
Go toTop