Николоски: Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево, од денес во функција клучката што ги спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
1 min read

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, денеска беше на увид на градежните работи на автопатот Охрид – Кичево, каде беше пуштена во употреба клучката Подмоље која ги спојува Охрид и Струга.

„Еве денеска решаваме уште една горлива работа, уште еден горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а тоа е пуштањето во употреба на оваа клучка во која се наоѓаме во моментот, а тоа е клучката Подмоље, клучка која што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија.

И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото затоа што во реализацијата на овој проект ајде што претходната власт што не работеше ништо, туку и тоа малце што го работеа го работеа погрешно, па решија да ја срушат оваа клучка без да бидат решени имотноправните односи, без да биде решена експропријацијата и клучката беше со години срушена, без можност наново да биде изградена и да биде пуштена во функција. Со промената на владата и формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски ова се реши, ги решивме имотно правните односи, ги решивме сите административни проблеми кои што ни стоеја на патот. И веќе од денеска е функционална што значи многу побрзо проток на луѓе и патници од Струга и од соседна Албанија кон Скопје, но исто така и многу побезбеден сообраќај, бидејќи ова беше точка каде што навистина имаше големи проблеми во минатото.

Во однос на динамиката на изградба на патот, ние сме на дневна основа, посветено работиме, директорот, јас сум тука секогаш кога можам, премиерот будно следи и на дневна основа се координираме. Напредокот е добар, задоволни сме, имајќи ги во предвид годините на застој имаме добар напредок и за брзо време ќе имаме уште добри вести“, рече Николоски.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ОЛАФ откри злоупотреби од милиони евра – СДСМ бара одговорност од Владата

Следно

Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот носи дополнителни 5,8 милијарди денари за инвестиции

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт
Go toTop