Откако Северина остана без старателство, се огласи Милан Поповиќ: „Мајката прави медиумски циркуз, таа не ни бараше повеќе време со детето“

January 24, 2024
1 min read

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството над Александар Поповиќ на неговиот татко Милан Поповиќ, што значи дека ѝ е одземено на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

По донесувањето на одлуката првпат се огласи Милан Поповиќ.

-Врховниот суд е највисоката судска инстанца во Република Хрватска. Пресудата беше донесена со едногласна одлука на советот од 5 врховни судии. Одлуката е праведна и јас сум задоволен, но приказната сè уште не е завршена. Жупанискиот суд во Сплит и другите судии во овој случај му нанесоа ненадоместлива штета на нашето дете, изјави Милан Поповиќ за РТЛ, а потоа додаде:

„Ќе продолжам да ги користам сите законски средства за да ги демаскирам сите кои учествувале во тоа и да бидат соодветно санкциониран за тоа. И за крај, оваа одлука не значи дека мајката нема да може да го види детето. Во тие 20 месеци кога детето живееше со мене, мајката не дојде да го земе детето повеќе од половина од терминот, а што е уште полошо, не ни бараше повеќе да биде со детето. Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ, сезона 156.“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Навивачот кој на расна основа го навреди голманот на Милан ја доби најлошата казна!

Следно

Овие хороскопски знаци знаат да штедат пари

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop