Откако Мицотакис го врати, Ципрас ќе го добие мандатот за влада, но Грција е сè поблиску со нови избори

May 23, 2023
1 min read

Веќе е извесно дека Грците ќе гласаат на втори парламентарни избори кои Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни. Тој не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска односно да не бара коалициски партнер. Со новите избори, Мицотакис тоа би можел да го постигне бидејќи на нив ќе се спроведе изборниот закон изгласан во 2020 година

Парламентарните избори во Грција се одржаа на 21 мај / Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Откако вчера актуелниот премиер и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во врати мандатот за формирање влада во Грција, според уставните процедури, претседателката Катерина Сакеларопулу денеска треба да го додели на второпласираната Сириза на Алексис Ципрас.

Сириза освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник за формирање Влада.

Веројатно е дека и Ципрас брзо ќе ѝ го врати мандатот на Сакеларопулу или воопшто нема ни да го прими, па така следна ќе биде третата партија односно ПАСОК – Движење на промена.

Откако ќе заврши циклусот со доделување на мандатот на првите три партии, предвидено е претседателката на Грција или да свика лидерска средба или да разговара со претседателите на сите партии за последен обид за формирање влада и доколку тоа е без резултат, следниот чекор е формирање службена влада со една единствена цел да ја одведе земјата на нови избори.

Веќе е извесно дека Грците ќе гласаат на втори парламентарни избори кои Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни. Тој не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска односно да не бара коалициски партнер.

Со новите избори, Мицотакис тоа би можел да го постигне бидејќи на нив ќе се спроведе изборниот закон изгласан во 2020 година и ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија.

Бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници како претходно, туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Артета со засилување од Манчестер Сити за наредната сезона

Следно

ВИДЕО: 30 години од историскиот меч – Вардар стана првиот клуб што го освои фудбалскиот Куп во самостојна Македонија

Latest from Blog

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски оствари тет а тет средба со својот црногорски колега Ервин Ибрахимовиќ кој е во официјална посета на земјата кои потпишаа меморандум за разбирање во областа на

Македонија има со што да се гордее: Нашиот карате мајстор Дејан Милошевски освои злато на УСА Опен, а неговиот јуниорски тим бронза

На најголемото интернационално натпреварување во историјата на САД – УСА опен, со над 2600 натпреварувачи од 40 земји, тимот на Милошевски маршал артс (Меган, Бони, Сиена и сенсеи Дејан) двапати успеаја гордо

Предвремените повторно во игра? Филипче вели СДСМ е подготвен, Османи смета дека се потребни

СДСМ е подготвена за предвремени парламентарни избори, вели претседателот на партијата Венко Филипче, но не открива дали тие како опозиција ќе бараат нивно одржување заедно со локалните избори. Според него состојбата во

Пукање на Бит Пазар – МВР со детали

Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје, соопштија од МВР/ Полициски службеници од Полициската станица Бит
Go toTop