Осумнаесет мигранти пронајдени мртви во камион близу Софија

February 17, 2023
1 min read

Првичните информации велат дека камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото. Причината за смртта на мигрантите засега е непозната, но полицијата ја исклучува можноста за сообраќајна несреќа

Осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете, се пронајдени мртви во напуштен камион во бугарското село Локорско во околината на Софија, информира Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Според првичните информации, како што јавува Бугарската национална телевизија (БНТ), камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото.

„Засега не е позната причината за смртта на лицата, но исклучена е можноста за сообраќајна несреќа“,

прецизираат од МВР на Бугарија, додaвајќи дека се трага по возачите на камионот.

По добиената пријава, на местото на настанот пристигнале лекарски екипи кои констатирале смрт кај 18 лица. Според БНТ, во несреќата се повредени 34 лица, меѓу кои и пет деца. Повредените се пренесени в болница.

Министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев, изјави дека повеќето од повредените се во тешка состојба, но дека не се во животна опасност.

„Страдаат од недостаток на кислород, облеката им е влажна, смрзнуваат и очигледно не јаделе со денови“,

рече Меџидиев.

Истрагата за смртта на мигрантите ќе ја преземе Националната агенција за истраги.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје

Следно

Пребарувал под урнатините со багер, па зградата започнала да се урива како кула од карти – кога се кренала прашината сведоците останале подзинати (ВИДЕО)

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop