Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, во странство хоспитализирани уште 18 пациенти

May 2, 2025
1 min read

Осум пациенти денеска се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, а во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Министерството за здравство.

Од осумте пациети кои се враќаат, пет се лекуваа во Турција, двајца од Бугарија и еден во Словенија. Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.

Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.

Министерството за здравство посочува дела континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Дел од повредени беа хоспиталзирани во земјава, а некои беа пренесени на лекување во странство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 п.п. продолжуваме со фискална консолидација и забрзан економски раст

Следно

Три лица повредени со остар предмет пред продажен објект во кочанско!

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop