Осум Палестинци, меѓу кои 6 деца, се убиени во израелски воздушен напад врз домови во центарот на Газа

July 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку осум Палестинци се убиени денес во израелските воздушни напади во текот на ноќта врз домови во централниот дел на Појасот Газа, додека израелскиот смртоносен напад навлегува во 278-миот ден, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Палестинската официјална новинска агенција „Вафа“ соопшти дека осум Палестинци, меѓу кои шест деца, се убиени, а десетици други се повредени во израелските воздушни напади врз домовите во бегалскиот камп Нусејрат.

Други израелски гранатирања беа пријавени во различни области на Појасот Газа, вклучително и израелски напад на улицата Насер во северниот дел на градот Газа, во кој беа повредени околу 10 лица.

Израелската Армија уништи повеќе згради во областа Муграга во северниот дел на бегалскиот камп Нусејрат.

Израелската тешка артилерија, исто така, продолжи да го напаѓа саудискиот кварт во западниот град Рафа, во најјужниот дел од Појасот Газа, додава палестинската агенција.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници на Појасот Газа на 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во израелските напади се убиени повеќе од 38.200 Палестинци, главно жени и деца.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Следно

Туркије официјално го прифати 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop